НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Онкологија“: Јавна седница по жалбите за куќниот притвор на Нино Васев

0
By Marija Todorovska on June 20, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.

Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека основниот суд одредил мерка куќен притвор во траење од 30 дена ценејќи дека присуството на обвинетиот може да се обезбеди со мерка куќен притвор со оглед дека е пензионер на 64 години, имотен, татко на две деца и досега неосудуван.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, објаснувајќи го предлогот за ефективен притвор рече дека ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје е дека во оваа фаза на постапката имајќи ги превдид сите околности поврзани со кривичните дела кои му се ставаат на товар на осомничениот мерката притвор единствено претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на Нино Васев и успешно спроведување на кривичната постапка.

Степенот на сомневање е на повисоко ниво, па и очекувањата на Обвинителството се осудителна пресуда за повеќе сериозни кривични дела кои му стојат како закана. Но, и интензитетот и времетраењето, како и сензитивитот на конкретните дејствија, рече Фетаи.

Од овие причини сметаме дека жалбата на Обвинителството треба да се уважи и жалбата на одбраната да се отфрли како неоснивана.

Нино Васев, пред судот рече дека бара чесно судење и да се брани од слобода.

Бараме чесно судење и укинување на мерката за обезбедување достапност. Сакаме да се браниме од слобода, рече Васев.

Неговиот бранител, адвокат Никола Ставрев, рече дека барале јавна седнциа, со цел и судот непосредно да се запознае со предметот што се води против осомничениот.

Уште од самиот момент кога излезе аферата, осомничениот се даде во целосна соработка и истрагата што се води. Со таа цел присуствуваше и на анкетната комисија во Собрание и даде исказ за неоснованите обвиненија за кои се става на тапет. Активно учествуваше и во истражната постапка и даде два искази и одбранатa самата обезбедуваше докази. Обвинетиот е запознаен со истрагата и истиот е цело време свесен за делата што му се ставаат на товар и да имал намера ќе се дадел во бегство, рече Ставрев.

Количината на доказен материјал што се става како отежнителната околност, според Ставрев, не може да биде основа за причина за определување мерка притвор, нагласувајќи дека нема доказна вредност и е собран од лица кои учествувале во изработката на економското вештачење од лицето Елизабета Дамевска, која во исто време со осомничениот била втор економски директор.

Сметам дека е неоснован и незаконски предлогот на Обвинителството. Судот особено да го има вo предвид неговото досегашно однесување и статусот што го има, изјави Ставрев.

За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинителство поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев е обвинет „за злоупотреба на службената положба“, „измама во службата“ и „проневера во службата“. Повеќето од дејствијата, како што информира тогаш на прес-конференција предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, првообвинетиот Васев во својство на службено лице директор и второобвинетиот организациски директор, ги извршиле во соизвршителство во временски период од 2018 до 2022 година.

Кривичното дело „Злоупотреба на службената положба“ го извршиле со пречекорување на границите на своето службено областување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки, рече Гоговска Јакимовска.

Двајцата се обвинети за продолжено кривично дело „Измама во службата“, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да изврши незаконита исплата. На тој начин, Гоговска Јакимовска рече задобувачите на лекови прибавиле значителна корист во износ од над 430 милиони денари.

Со ваквите дејствија, обвинителката посочи дека тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на државниот Буџет во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.

Апелација јавна седница куќен притвор Нино Васев Онкологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.