Неколку социјалдемократски членови на Бундестагот доставија протестно писмо до претседателот на Парламентот изразувајќи го своето негодување што на вработените во Бундестагот им е забрането официјално учество на Парадата на гордоста.
Го сметаме тоа за погрешно и ако ја земеме предвид моменталната состојба во општеството, за фатален потег, се вели во писмото на групата претставници на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).
Претставниците на СПД, истакнаа дека вредности како што се заштитата на човековите и малцинските права се промовираат на настани на кои на вработените во Бундестагот сега им е забрането официјално учество.
Претседателот на Бундестагот воведе забрана за политички протести и јавни настапи поради почитување на обврската за политичка неутралност.