Белорусија и Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за целосна нормализација на односите, изјави денес постојаниот претставник на Белорусија во Обединетите нации, Валентин Рибаков.
Секако, пред сè, се разгледуваат прашања за конечно нормализирање на билатералните односи – целосна нормализација со целосно продолжување на работата на амбасадите во двете земји, размена на посети и така натаму, рече Рибаков.
Рибаков учествуваше на вчерашниот состанок во Минск меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.