Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан

0
By Marija Todorovska on June 23, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2025 13:05
Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на гостувањето во студиото 10 на 24 телевизија.

Жерновски посочи дека и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во своите раце со апсолутно мнозинство во Собранието, претседателска функција, влада и доминација на локално ниво, резултатите се – катастрофални.
„Имаме целосен пад во економијата, социјалната политика, функционирањето на институциите, слободата на медиумите и надворешната политика. Тоа се реални критики, а не изолирани слабости“, нагласи Жерновски.
Осврнувајќи се на состојбата со дипломатијата, Жерновски рече дека државата е во фаза на сериозна изолација.
Имаме министер кој е најизолиран во историјата на плуралистичка Македонија – со 2-3 средби тука, на министри за надворешни работи. Верувале или не, за 365 дена имаме нула посети од министри од соседството – ниту еден сосед не дошол во посета. Нема никакви дипломатски иницијативи, визии, постулати. Немаме амбасадор во Данска – земја која за неколку дена го презема претседателството со Европската Унија. Немаме амбасадор ниту во НАТО. Ова не е интеграција, ова е изолација!, рече Жерновски.
Жерновски потсети дека во времето на СДСМ, земјата беше препознаена како позитивен пример и носител на стабилност во регионот.
Имавме активна дипломатија, добрососедски односи и јасна евроатлантска перспектива. Денеска, сме сведоци дека дури и еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече Македонија ’тажна приказна’ на ЕУ. Тоа е сигнал до сите нас,  додаде тој.
Жерновски истакна дека Македонија денес не е во друштвото на земјите кои напредуваат, туку дека сме дел од блок кој е отворено критикуван.
„Меѓутоа, да бидам до крај отворен, ние сега сме во друштво на Орбан – во Унгарија. Антонио Милошевски, кој несомнено има искуство – какво и да е – во меѓународната политика, во домашните и меѓународни гледања на ситуацијата, отворено изјави дека нашите позиции кон ЕУ и НАТО се идентични како на Орбан. Од успешна приказна, Македонија под раководство на оваа влада стана земја без кредибилитет и визија. Од европска агенда, до коридори кои водат единствено до Будимпешта и Белград – тоа е реалната надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Жерновски.
ВМРО ДПМНЕ ЕУ Жерновски Орбан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.