НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најавен граѓански протест и блокада за спас на реката Дошница на Кожуф планина

0
By Marija Todorovska on June 25, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Блокада и протест против изградба на мали хидроцентрали на реката Дошница најавуваат група граѓани, активисти, еколошки организации, планинари и заштитници на природата.

Блокадата и протестот ги најавуваат на излетничкото место Смрдлива Вода во Гевгелија секој ден почнувајќи од четврток од 6 часот наутро па се до 18 часот навечер.

Во недопрената природа на Кожуф планина, над Смрдлива Вода, се планира изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница, една од најчистите и недопрените реки во Македонија, велат организаторите.

Главниот протест го најавуваат во недела на 29.06 со почеток од 11 часот.

Овие хидроцентрали, иако административно спаѓаат под Општина Кавадарци, ќе имаат директно негативно влијание врз снабдувањето со вода, живиот свет и природните ресурси во Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Росоман и пошироко. Сите пиеме вода од истата планина, Кожуф, велат тие.

Апелираат дека Конска Река во Гевгелија веќе е пресушена. Под закана се и Кранска, Крива, Тополка, Каменичка, Брајчино, Бачишка и многу други планински реки и прашуваат дали ќе се дозволи следна да биде Дошница.

Овој проект: Го загрозува екосистемот и снабдувањето со питка вода, уништува економски, културни и рекреативни вредности и спротивен е на националните и меѓународните закони за заштита на природата, нагласуваат организаторите на протестот и блокадата.

Тие наведуваат три барања: итно и трајно стопирање на проектите за МХЕ на Дошница, почитување на Еспо и Бернската конвенција како и Отворање на документацијата и вистинска јавна расправа.

Ние не ги прифаќаме „зелените“ лаги и злоупотребата на европски субвенции што се користат како параван за алчни концесии под изговор на „одржлива енергија“, а само ни ги сушат реките, ни ги касапат планините и ни ја крадат иднината.

Овие мали хидроцентрали произведуваат занемарливо малку струја, а за возврат го убиваат целиот екосистем. Поткрепено со многу примери во Македонија според еколошките студии, речиси сите мали хидроцентрали во земјава ја пресушуваат реката во деловите каде се поставени! Ова не е развој, ова е крајно неразумно расфрлање со ограничените ресурси со кои располагаме како држава и од кои ни зависи животот во неа. Македонија има ограничени ресурси на питка вода, со многу мали водотеци и климатска ранливост. Секое одвлекување на вода преку цевководи значи ризик од губење на уште еден извор на чиста вода и за нас и за сите следни генерации.

Во Дошница живеат ендемски видови риби и инсекти, меѓу кои и автохтоната македонска пчела (Apis mellifera macedonica) – еколошко богатство што може да го изгубиме засекогаш!, велат организаторите и ги повикуваат граѓаните да им се придружат во блокадите и протестот.

блокада дошница Кожуф протест хидроцентрали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.