НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загинат пилот и соборен украински Ф-16 во голем руски напад

0
By Zoran Ivanov on June 29, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украински пилот е убиен, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски напад с ракети и дронови во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Во соопштението се вели дека ова е трета таква загуба на борбен авион Ф-16 во војната.

Пилотот го користел целото оружје што му било на располагање, соборувајќи седум воздушни цели. При соборувањето на последната, неговиот авион бил оштетен и почнал да губи висина – соопшти воената авијација на апликацијата за пораки Телеграм.

Во соопштението се вели дека пилотот направил сè што можел и го однел авионот подалеку од населбата, но немал доволно време да се катапултира.

Војската објави дека Русија лансирала 477 беспилотни летала и 60 ракети од различни видови во Украина во текот на ноќта, и дека украинските сили уништиле 211 беспилотни летала и 38 ракети. Воздушните напади се евидентирани на шест локации.

Пилотот кој загинал е идентификуван како полковник Максим Устименко, 31 година, соопштија украинските воздухопловни сили. „Починал како херој“, соопштија воздухопловните сили, изразувајќи сочувство до неговото семејство.

Нападот во ноќта на 29 јуни беше еден од најголемите досега, со вкупно 537 воздушни цели – вклучувајќи крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и беспилотни летала „Шахед“ – пријавени од украинските воздухопловни сили и групите за следење.

Ракетниот напад траеше речиси три часа, додека нападот со беспилотни летала траеше речиси десет часа. Цел беа голем број региони, вклучувајќи ги Кременчук, Полтава, Днепар, Николаев, Запорожје, Черкаси, Лавов и Киев.

Десетици експлозии беа пријавени во Кременчук – градот беше погоден и од ракети и беспилотни летала. Индустриски погон се запали во регионот Полтава. Во Запорожје, производствен погон беше оштетен, но немаше жртви. Во Черкаси, три лица беа повредени кога ракетите погодија цивилна инфраструктура, според локалните власти.

Во Лавов, целите беа критична инфраструктура, но официјалните лица изјавија дека немало цивилни жртви или големи штети на станбени згради. Експлозии се слушал и во Киев, каде што беше во акција воздушната одбрана, но не беа објавени дополнителни детали.

Устименко е третиот украински пилот на Ф-16 кој загина во борба откако Украина почна да користи западни борбени авиони минатата година.

 

авион загина нападф Пилот рускли Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.