НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија: Aпсурдно да се создава трета партија

0
By Marija Todorovska on July 7, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.

Еден ден откако Маск го ескалираше конфликтот со Трамп објавувајќи создавање на нова партија, новинарите го прашаа американскиот претседател за коментар пред неговото заминување од Мористаун, Њу Џерси, каде што беше во посета на локален голф-клуб.

Мислам дека е апсурдно да се создава трета партија. Имаме огромен успех со Републиканската партија. Демократите ја изгубија насоката, но секогаш постоел двопартиски систем, и создавањето трета партија само предизвикува конфузија, изјави Трамп. – Системот е создаден за две партии. Третите партии никогаш не функционирале, па Маск може да се забавува со тоа, но мислам дека е апсурдно, додаде тој.

Маск во саботата објави формирање на партијата „Америка“ во одговор на законот за намалување на даноците и трошоците предложен од Трамп, за кој милијардерот тврди дека ќе ја доведе земјата до банкрот. Маск, кој беше главен советник на Трамп за реформи во федералната влада на почетокот на неговиот мандат, изјави дека неговата партија ќе се обиде да ги отстрани републиканските конгресмени кои го поддржаа законот, наречен „Големиот прекрасен закон“, на идните избори.

Министерот за финансии Скот Бесент за Си-Ен-Ен изјави дека управните одбори на компаниите на Маск, „Тесла“ и „СпејсИкс“, веројатно би сакале тој да се фокусира на бизнисот, а не на политиката. – Претпоставувам дека одборите не беа задоволни од вчерашното соопштение и ќе го охрабрат да се концентрира на бизнисот, рече Бесент.

Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на кампањата за реизбор на Трамп во 2024 година, често појавувајќи се покрај него во Белата куќа, но несогласувањата околу законот за трошоците доведоа до разидување. Законот, кој намалува даноци и зголемува трошоци за одбрана и гранична безбедност, беше усвоен минатата недела во Конгресот, но критичарите тврдат дека ќе го зголеми буџетскиот дефицит.

Трамп изјави дека Маск е незадоволен поради укинувањето на даночните олеснувања за електричните возила на „Тесла“, а во одговор на критиките закани дека ќе ги укине државните договори и субвенции за „Тесла“ и „СпејсИкс“.

Маск политичка партија САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.