НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструкцијата и конзервацијата на средновековната кула Пирго на планината Беласица

0
By Marija Todorovska on July 9, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почна реконструкцијата, конзервацијата и уредувањето на просторот околу Кулата Пирго, над селото Мокриево на планината Беласица. Археолози од „Завод и музеј Струмица“ го почнаа и арехеолошкото доистражување на Кулата, која се спомнува во легендите и се памети во историјата како славно историско место особено во контекст на времето на Цар Самуил и битката на Беласица.  

Според археологот д-р Душко Цветанов, археолог по средновековна историја, кој заедно со археологот м-р Зоран Рујак, раководат со истражувањата, станува збор за Кула која е изградена во 5 и 6 век, најверојатно во шестиот век кога имало големи градежни активности на византискиот император Василиј Први.

Кулата има маркантни димензии, со квадратна основа 10 на 10 метри, дебелина на ѕидовите некаде околу 3 метри. Изградена е во техника со добро обработени изделкани камења со добри внатрешни и надворешни лица и внатрешноста била исполнета со поситни камења, а како средство за поврзување бил употребен малтер од вар. Подоцна овие објекти со делумни обновувања биле користени и во наредните векови и најверојатно оваа кула била во функција во периодот на Самоуловото царство, вели Цветанов.

Според Бранко Ѓоргиев, директор на НУ „Завод и Музеј Струмица“, целта е да се врати оригиналниот лик на кулата.

Во 2011-2012 година за прв пат беа извршени сондажни археолошки истражувања на локалитетот ,,Пирго“, кој се наоѓа југоисточно од селото Мокриево, кое лежи во подножјето на планината Беласица. Иако тие траеја сосема кратко, беше откриена и истражена една централна кула со маркантни димензии. Најверојатно, до самата кула немало други придружни објекти, но тоа досега не е воочливо поради густата вегетација и столетните дрвја кои се простираат на овој простор, вели Ѓоргиев.

Додава дека археолошките истражувања на локалитетот Пирго-Каљ’ната во месноста Мокриево претставуваат прв напор во обидот да се истражуваат објектите во подножјето на Беласица кои имаат можност да бидат поврзани со Самоиловите војни и настаните околу Беласичката битка.

Тргнувајќи по легендите кај месното население кои локалитетот го поврзуваат со Самоиловите војни, отпочнавме истражувања кои покажаа дека на оваа позиција се појавува набљудителна кула од доцноантичкиот-рановизантиски период која, најверојатно, била користена и во текот на средновековитето, додава директорот на „Завод и Музеј Струмица“.

Конзервацијата ја финансира Општина Ново Село откако изминатиов период  НУ „Завод и Музеј Струмица“ изработи основен проект.

Инаку Пирго е позната локација каде, особено на пролет и во лето, месното население и многу гости често прават излети и се организират настани.

Беласица Ново Село ну завод и музеј струмица пригова кула реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.