Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Итна и независна истрага и одговорност за полициските службеници

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 18:49

Непостапувањето на институциите во случаи на очигледно насилство не само што ја охрабрува културата на неказнивост, туку директно го загрозува владеењето на правото и демократијата“, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права во врска со случајот со Арсовска.

Итна и независна истрага и одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот. Ова се дел од барањата на Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права во врска со денешниот физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Оттаму најостро го осудуваат физичкиот и вербланиот напад врз Арсовска што се случи за време на увид во нелегален градежен објект во општината Чаир, ако особено загрижувачки го оценуваат тоа што инцидентот се случил пред полициски службеници, кои според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина зашттита.

Според сведочењето на Арсовска, напаѓачот ѝ се заканувал со силување и убиство на нејзините блиски, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци.

Наместо итна интервенција и заштита, полицајците кои биле присутни на лице место, наводно, не реагирале соодветно, дозволувајќи толпата да продолжи со навреди, физички напади и закани, велат од Хелсишкиот комитет.

Според невладината организација овој напад е уште еден алармантен пример со коис е соочуваат жените во јавниот живот – насилство, навреди, закани, клевети и институционална незаинтересираност.

Од Хелсиншки додаваат дека иако Министерството за внатрешни работи соопштило дека се приведени двајца напаѓачи, нема информации за мерки против полициските службеници кои биле присутни на местото на настанот.

Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара: Итна и независна истрага за случајот, одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот, кривични пријави против сторителите и соодветна постапка против нив, обезбедување ефективна и итна заштита за градоначалничката и другите службени лица кои биле нападнати и осуда на нападот од страна на сите политички и општествени чинители, наведуваат во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

 

Арсовска одгворност Хелсиншки комитет Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.