Одбраната на еден од обвинетите членови на криминалната група Грчец за трговија со дрога најави жалба на првостепената пресуда.
Бранителот на Неџати Исени, кого Судот денеска го прогласи за виновен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и го осуди на казна затвор од пет години, адвокат Ангел Ѓорѓиев во изјава за медиумите рече дека главни аргументи во жалбите кои што ги најавуваат, ќе биде, како што вели, незаконитоста на доказите од апликацијата Скај и самата содржина, која асполутно не делувала уверливо.
Ја слушнавте денешната објава на пресудата. Процесот траеше во една апсолутно коректна атмосфера и законско постапување на сите субјекти во овој процес, но остана една дилема која што ќе не прати наредниот период, а тоа е она што цело време одбраната како силен правен аргумент го експлатираше, а тоа е проблематизирање на законитоста на обезбедните докази по пат на користење на апликацијата Скај ЕЦЦ, односно на екриптирани телефонски броеви и апарати, изјави Ѓорѓиев.
Според Ѓорѓиев, ова е прашање не само на нашата земја, туку и на цела Европа и многу други земји.
По однос на ова прашање ставовите се апсолутно поделени и контраверзни. Ние целиме искрено согласно последната одлука на регионалниот суд во Берлин, со која што не беше прифатена законитост на овие докази и беше донесена ослободителна пресуда дека апсолутно овие докази се обезбедени на незаконит начин. Не само тоа што го тврдиме, него имаме силен аргумент, а тоа е затоа што француските власти без европски истражен налог уапднаа на хакерски начин во вториот сервер во Лион, од каде што ги екстрахираа сите овие податоци, кои што се потоа дистрибуирани до различни држави во цела Европа и каде што се иницирани слични постапки врз основа на овие податоци, изјави Ѓорѓиев.
Самата содржина на овие податоци кои беа изведени, според Ѓорѓиев, апсолутно не делувале уверливо, ниту значеле некаков материјален и било каков доказ, што упатува на вина на обвинетите.
Судијката Фанка Јанчулова Михаиловска, при објава на пресудата денеска рече дека, во однсо на реакциите од одбраната на дел од обезбедените докази преку апликацијата Скај, Судот, како што објасни, ги прифатил бидејќи биле добиени со меѓународна правна помош од Франција.