НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масивен воздушен руски напад врз цивилни цели во Украина

0
By Marija Todorovska on July 22, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ФЛЕШ ТРИ
Фото: ДСНС України
Фото: ДСНС України
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 21 јули 2025 година, рускиот агресор изврши уште еден масивен воздушен напад врз цивилите и цивилните цели во Украина, со 426 беспилотни летала и 24 ракети во координиран ноќен напад. Нападите беа насочени кон повеќе градови, а Кијив, Харкив и Ивано-Франкивск се меѓу најтешко погодените, пренесува ЦивилМедиа.

Главниот град претрпе значителна штета. Беспилотно летало го погоди влезот на метро станицата Лукјанивска, која се користеше како засолниште, што е шести пат оваа станица да биде погодена од 2022 година. Пожари избувнаа во станбени згради, детска градинка и комерцијални области. Најмалку две лица беа убиени, а 15 повредени, вклучувајќи и 12-годишно дете.

Ивано-Франкивск кој се наоѓа во западниот дел на земјата го доживеа својот најтежок напад од почетокот на целосната воена агресија, што резултираше со повреди на четири лица, вклучувајќи и едно дете.

Харкив, вториот по големина град во Украина беше погоден 12 пати, при што беа предизвикани пожари и структурни оштетувања на цивилната инфраструктура.

Украинската амбасадорка Лариса Дир на социјалните мрежи истакна дека на Украина итно ѝ е потребно зајакнување на противвоздушната одбрана.

„Ден 1244. рф лансираше повеќе од 420 дронови и над 20 ракети, вклучително и балистички ракети. Нападот на Кијив траеше 8 часа. Заштита од масовни напади – производство на дронови-пресретнувачи. #StandWithUkraine #StopRussia“, напиша амбасадорката Дир на Х.

Нападот се совпадна со дискусиите на високо ниво на НАТО за воена поддршка за Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде на Русија рок од 50 дена да се согласи на прекин на огнот или ќе се соочи со заострени санкции. Во меѓувреме, Европската унија го одобри својот 18-ти пакет санкции насочени кон финансискиот и енергетскиот сектор на Русија.

Џ. Д. / ЦивилМедиа

Лариса Дир Руски ракетен терор Украина цивили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.