НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието на Република Северна Македонија го донесе ребалансот на државниот буџет

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието попладнево со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година.

Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ.

Ставот на владејачкото мнозинство е дека Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални проекти во општините. Истакнаа дека се реализирани сите крупни ветувања и посочија дека се зголемени пензиите, платите во образованието, здравството, полицијата и администрацијата, дека има најдобар реализиран откуп на земјоделски производи и завршени инфраструктурни проекти.

Опозицијата со забелешка за неприсуството на министерката за финансии во попладневниот дел од расправата што според нив укажува на несериозноста на Владата кон овој стратешки документ. За опозицијата, Дополнетиот ребаланс на Буџетот е буџет кој се фокусира на краткорочни мерки, во кој не се испочитувани основните фискални правила и кој е скроен за поткуп на изборите во октомври.

Според Фатмир Битиќи од СДСМ, ребалансот не е развоен и не е социјално одговорен, туку е буџет за селективна поддршка со краткорочни политички пресметки, скроен како предизборен поткуп за изборите во октомври.

Осврнувајќи се на буџетскиот дефицит, Битиќи рече дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП и дека тоа е над законски дозволената граница од 3 проценти или максимум 3,5 проценти во исклучителни услови како што се некоја катастрофа или глобален шок.

– Денес немаме никаков глобален шок, ниту криза, туку имаме криза во планирањето, криза во отченоста, криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава, рече Битиќи.

Посочи дека буџетскиот дефицит е повеќе од двојно зголемен од крајот на април до средината на јули што, според него, е јасен показател дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.

Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува и домашното и надворешното задолжување со што се создава товар за идните генерации, посочувајќи дека со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, а надворешниот за 1,38 милијарди и дека е најавено ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината.

– Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1 проценти од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста, рече Битиќи, прашувајќи дали овие обврски се пресметани во ребалансот.

Посочи дека зголемени се трошоците за стоки и услуги и дека дуплирана е ставката за набавка на автомобили, а за ЕКСПО 2027 што ќе се одржува во Србија, Владата ќе потроши 1,8 милиони евра за штанд од 134 метри квадратни, односно 5.550 евра по метар квадратен.

Во однос на Законот за линеарно зголемување на пензиите, Битиќи рече дека со ваквото законско решение 92 проценти од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.

Пратеникот Халил Снопче се осврна на зголемувањето на цените на основните прехранбени производи посочувајќи дека 25 проценти од населението живее во сиромаштија, а цените во државата се повисоки од државите во регионот и од европските држави.

– Ребалансот не предвидува ништо конкретно за подобрување на овие параметри и ја става во опасност фискалната реализација. Нема реална преспектива за економско подобрување на државата, рече Снопче.

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на 16 јули беше усвоен од страна на Владата и во него беа вградени дел од амандманите што произлегоа од амандманската расправа во Собранието. Со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.

Станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната собраниска седница рече дека предложените измени и дополнувања на Буџетот произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината.

Измените, како што посочи, не го менуваат суштински пристапот на Владата, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра распределба на расходите и поефикасно користење на расположливите извори на финансирање.

На крај на денешната расправа, министерката за финансии рече дека нема да се финансира изборна кампања, туку дека ќе се финансира изградбата на болници, училишта, патишта.

– Ќе се финансира развој, овој ребаланс е потребен и насочен е кон иднината, рече Димитриеска-Кочоска.

За инфлацијата, рече дека како Влада се свесни за притисокот врз граѓаните и дека токму затоа се обезбедени повеќе средства за зголемување на пензиите, платите, за социјална заптита и за стабилизирање на пензискиот систем. Ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека линеарното зголемување ќе важи за сите пензионери.

Поочи дека буџеткиот дефицит е внимателно планиран и дека задолжувањето е одговорно со поволни камати за што податоците е јавно достапни. Во првите шест месеци од годината, како што посочи, приходите е зголемени за 8,6 проценти, а расходите бележат рат од 5,1 процент.

 

буџет ребаланс Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.