Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чупеска: СДСМ бара претседателката Сиљановска да не го потпише Указот за скандалозните Закони за полиција и МВР

0
By Zoran Ivanov on August 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 1, 2025 11:23

Потпретседателка на СДСМ Ана Чупеска на денешната прес конференциоја побара претседателката Сиљановска да не го потпише Указот за скандалозните Закони за полиција и МВР.

„Во пресрет на закажаниот состанок на Советот за безбедност, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со голема загриженост, се обраќаме до претседателката Гордана Силјановска-Давкова, со барање и апел: да не ги потпишува указите за Законите за полиција и внатрешни работи.

Ова од причина што Власта, со неверојатна лежерност, протурка скандалозни и опасни измени, кои го укинуваат професионализмот во полицијата и неа ја претвораат во партиски инструмент на принуда, или милиција која ќе биде под директна команда на Министерот за внатрешни работи.

Ова упорно и навалентно инсистирање полицијата да се партизира по секоја цена, создава сериозни ризци за безбедноста во државата, а воедно врши и атак врз самите граѓани.

Почитувани граѓани, почитувана јавност, со новите таканаречени закони , министерот Тошковски добива неограничена моќ и значително проширени дискрециони овластувања.

Сега, тој ќе може да предлага директор на БЈБ, он најшироките области на општествени науки – што е невиден преседан кој цели кон целосно хендикепирање на професионализмот во МВР.

Сега Тој сам ќе може да поставува началници на Сектори за внатрешни работи и командири, без тие да исполнуваат основни критериуми за стаж, без да имаат искуство или претходно постигнати резултати.

Се бришат и основните професионални критериуми за раководни позиции, што отвора широк простор за инсталација на партиски кадри без соодветно оперативно искуство.

Го избришале и условот кој децидно предвидува извесен број на години на искуство и стаж за напредување на највисоките раководни позиции – што значи дека, началник може да стане било кој што му е по ќејф на министерот, па дури и да е штотуку вработен приправник. Ова е апсолутно неприфатливо за позиции кои бараат огромно искуство и лидерски вештини и претставува директно депрофесионализирање на полицијата.

Оттука, јасно е почитувани, дека овие измени не се во правец на заштита на слободите и правата на граѓаните , туку на партијата!

Ваквите измени се во директна спротивност со клучните стандарди за полиција на Советот на Европа, посебно со Европскиот кодекс на полициска етика кој промовира важниот принцип: за оперативна независност на полицијата од политички влијанија и бара професионален и меритократски систем на управување.

Особено загрижувачки, за нас, се и одредбите кои отвораат простор за масовно следење преку биометриски податоци, и тоа без јасно утврден надзор. Ова, е спротивно на Општата уредба за заштита на податоци (Gеneral Dаta Protection Rеgulation), поточно на европската регулатива.

Уште пострашно, ја избришале и одредбата со која беше предвидено дека полициски службеници осудени со правосилна пресуда за кривични дела кои предвидуваат минимум шест месеци затвор дека по закон им престанува работниот однос. А со елиминација на оваа норма, де факто, широко се отвора врата за инсталација на криминални структури на раководни позиции во министерствот. Па така, оние кои до вчера биле гонети од полицијата сега ќе може да им станат шефови на оние кои си ја работата чесно работата.

Сите овие опасни, недемократски и антиевропски измени не можат да водат кон ништо друго освен кон тотална партизација, зголемена репресија и уривање на човековите права, накратко, водат кон полициска држава.

Почитувани, ова не е се закони, ова е легалзиација на еден манифест на авторитаризам!

Таканаречените закони се длабоко комромитирачки, неевропски и поради тоа што предвидоа укинувањето на регионалните центри за гранични работи, што е чекор до укинување на граничната полиција. И ова во контекст на соработка со Frontex е високо ризичен потег. Бидејќи, Граничната полиција, мора да има посебен статус и оперативна независност.

Се на се, пратениците на ДПМНЕ, не само што гласаа за партизација на полицијата, туку станаа и соучесници во растурањето на најважниот дел од безбедносниот систем: полицијата, односно МВР. А, ова министерство е меѓу клучните одговорни за суверенитетот на државата.

И, бидејќи законите се веќе усвоени во Собранието, Социалдемократскиот сојуз, јавно ја повикува претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише овие скандалозни, недемократски и антиевропски документи.

Ние, сме длабоко сме убедени дека Претседателката има и сила и волја да застане на страната на уставноста, на демократијата и особено на страна ма мерит систем за кој знаеме дека неуморно се залафа. Сега има неповторлива шанса ова да го покаже и на дело.

Прво, бидејќи овој закон не е реформа, туку е како што кажав : манифест на авторитаризам и брз рецепт за злоупотреба.

Второ, бидејќу ударот врз полицијата и професионалците во неа е удар и врз безбедноста на граѓаните, врз демократскиот поредок, конечно, врз суверенитетот на државата.

Освен апелот до претседателката, кој денес го упатуваме од оваа говорница, ние, како парламентарна опозиција, ќе доставиме и официјални детални и референцијални елаборација за овие стравични решенија, и до амбасадите на ЕУ; САД; до ОБСЕ и Советот на Европа, но и до другите релевантни домашни и меѓународни институции, со цел да алармираме за овие крајно непримерни и загрижувачки чекори на власта.

Нема тивко и бесчујно да дозволиме оваа власт да ја претвори полицијата во партиска милиција, односно државата да ја претвори во полицика држава“, соопшти потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска на денешниот прес во седиштето на партијата.

 

 

ана чупшеска закон полиција прес СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.