Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Билјана Ивановска кандидатка за градоначалника на Општина Центар: Ќе се борам секој од прозор да гледа три дрвја, за секого да има барем по 30 квадрати зеленило и да живее на 300 метри од парк

0
By Marija Todorovska on August 14, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 14, 2025 12:03

Граѓанската активистка од Шанса за Центар и поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска денеска на прес-конференција ги соопшти мотивите за кандидатурата за градоначалничка на Општина Центар за претстојните локални избори на 19 октомври.

Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во нашата општина. Тоа значи секој од прозор да гледа три дрвја, на секој жител да има барем 30 квадрати зеленило и секој да живее на 300 метри од парк. Ние сме далеку од тоа, но барем некако да се приближиме, нагласи Ивановска, која е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“, кои продолжуваат со собирање потписи за формирање партија. Независни за Карпош, пак, вчера се одвоија од оваа иницијатива и соопштија дека само со потписи ќе се кандидираат на изборите.

Во претставувањето Ивановска рече дека ќе биде фокусирана на барање решенија, а не на обвинувања и лични навреди бидејќи нејзините заложби секогаш биле граѓаните пред партиите.

Одлучив да се кандидарам за градоначалничка на општината во која што живеам, во која што ги делам истите проблеми со моите сограѓани и во која што го дишеме истиот воздух, кој не е загаден само со ПМ честички, туку и со многу лоши политики и корупција. Правда, интегритет и одговорност се вредности кои ме водат цел живот и сметам дека тука можат да се преточат во креативни политики кои ќе обезбедат подобра и поздрава општина, кажа Ивановска.

Нејзината кампања ќе се базира на три столба – првиот столб е одговорност, отчетност и транспарентност, вториот е инклузивност, зашто секој граѓанин е важен, и третиот столб е заедништво и солидарност. Општина Центар рече таа треба да биде на граѓаните, а не на профитот.

Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните. Мислам дека уживам углед и доверба кај граѓаните и од нив ми треба само нивната доверба, а јас им ги нудам моите професионалност и одговорност. Во нашиот тим има професионалци кои знаат и можат да понудат одлични решенија, рече Ивановска.

Според неа, во општината досега е направена огромна штета и таа тешко може да се поправи, но можеби може да се ублажи.

Нема да дозволувам детални урбанистички планови кои не се усогласени со Генералниот урбанистички план. Сведоци сме како се градат објектите кај „Холидеј ин“, а деталниот урбанистички план е незаконски. Она што мене ми е приоритет е дозволите и плановите за градење да бидат усогласени со стандардите, кажа Ивановска.

„Независни заедно“ најавија дека наскоро ќе го објават нивниот кандидат за градоначалник на Скопје и ги повикаа да им се приклучат сите заинтересирани независни групи кои имаат желба да настапат на локалните избори.

Билјана Ивановска кандидат локални избори независни заедно Општина Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.