НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени

0
By Zoran Ivanov on August 15, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На синоќешните протести низ Србија се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, седум во Ваљево, девет во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор ден по ред.
„Вечерва имаше масовно и сериозно нарушување на јавниот ред и мир низ цела Србија од страна на блокадерите. Бидејќи немаше поддржувачи во простории на СНС, полицијата беше брутално нападната вечерва, а полицијата го одржува јавниот ред и мир“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека некои полицајци се тешко повредени и дека меѓу приведените е и 23-годишен хрватски државјанин кој ја нападнал жандармеријата.

„Толку за фактот дека протестите немаат никаква врска со надворешен фактор“, рече Дачиќ.

Според него, полицијата користела хемиски средства за да се одбрани, како и за да ги брани интересите на државата, а не за да брани која било страна.

Антивладините демонстранти синоќа ги демолираа просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) во Нови Сад и се судрија со полицијата и поддржувачи на СНС во главниот град Белград и во неколку друго градови низ Србија. Протестите синоќа се одржаа еден ден по насилните немири во кои беа повредени десетици лица.

Во Нови Сад, полицијата и поддржувачите на СНС лојални на претседателот Александар Вучиќ беа отсутни додека десетици антивладини демонстранти ги демолираа просториите на СНС.

Полицијата и жандармеријата потоа употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите. Немирите во Нови Сад, Панчево…

Во Белград, стотици демонстранти и поддржувачи на СНС фрлаа пиротехнички средства едни кон други во неколку делови од градот. Жандармеријата се нафрли врз антивладините демонстранти и употреби солзавец со цел да ги растера.

Пратеникот од Партијата за слобода и правда, Пеѓа Митровиќ кој синоќа беше претепан со палки во Белград, изјави дека бил нападнат од седум или осум маскирани хулигани без очигледна причина. Тој изјави дека, иако им кажал дека е пратеник, тие брутално го претепале по главата и телото.
Тој оцени дека тоа е последица на „политиката на сегашниот режим што се распаѓа со насилство“.

Српскиот претседател Александар  Вучиќ во синоќешна изјава за белградски медиуми рече дека ќе следува поефикасен систем и поефикасна борба „против бандити и насилници и верувам дека ќе успееме. Пред нас се големи реформи во полицијата и обвинителството“.

„Државата се уште има многу работа, ќе има уште многу апсења. Сакам да им се извинам на сите оние луѓе кои ми велат дека е време за вонредна состојба, дека е време да се укинат ТВ Н1 и Нова С, дека е време да се изнесе војската на улица…Сакам да знаат дека ќе го одмерам секој потег со моите сојузници, но дека нема да ја доведам Србија во позиција каде што државата би била дупка на нечиј тепих. Владеењето на правото ќе мора да функционира“, нагласи тој.

Во повеќе од 30 градови во Србија синоќа се одржаа протести под слоганот „Вечерва пукате по шевовите“, организирани од студентите во блокада, а во кои учествуваа и голем број граѓани.

Српскиот патријарх Порфириј апелираше синоќа да се запрат сите судири и да се отфрлат зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите, нагласувајќи дека ништо не е поразорно од омразата, поделбите и насилството меѓу браќата и дека ништо не е поскапоцено од мирот и братската љубов.

Минатата недела седум известувачи на ОН потпишаа извештај во кој од властите во Србија се бара да ја прекинат репресијата врз студентите, професорите, граѓанското општество и граѓаните, да ги почитуваат човековите права и правото на собирање.

„Мислам дека сите сме многу загрижени бидејќи информациите што ги добивавме од различни извори во последните неколку месеци, па дури и претходно, навистина укажуваат на многу систематски обид за замолчување на критичките гласови и демонтирање на независноста на академските институции“, изјави Фарида Шахид за ТВ Н1.

Таа додаде дека се започнало со студентско движење кое бара одговорност за трагичната смрт на 16 лица лани во несреќата откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад. Но, според неа, движењето сега се проширило и јасно резонира со многу граѓани кои се придружиле на протестите и сите заедно бараат поголема одговорност, транспарентност.

„Загрижени сме што наместо да одговара на прашања за транспарентност и одговорност, владата реагира на начин што претставува загрижувачки модел на репресија“, рече таа.

„Нашата длабока загриженост е што веруваме дека Србија може да биде на работ да се лизне во произволен систем кој им го негира правото на глас на граѓаните – а особено на студентите, наставниците и академската заедница – и свесно ги задушува несогласувањата и критиките.“

 

апсења протести србја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.