Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

0
By Marija Todorovska on August 18, 2025 ИЗБОР
Фото: Фронтлајн
Фото: Фронтлајн
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 18, 2025 12:03

Според официјалните податоци, синдикалната потрошувачка кошница за само четири месеци (март–јули) е зголемена за над 3.400 денари, достигнувајќи повеќе од 65.300 денари. Тоа значи дека за една четиричлена фамилија се потребни најмалку 1.060 евра за основен живот.

Дестан Јонузи 

Изјавите дека „платите растат 11, 12 или 13% на месечно ниво“ не се само неточни, туку претставуваат и навреда за граѓаните кои секојдневно се борат со сè поскап живот. Доколку овие бројки беа вистинити, тоа би значело дека за шест месеци платите би пораснале за повеќе од 60%, а за една година над 130%. Реалноста, меѓутоа, е сосема поинаква – цените секојдневно растат, а платите речиси стагнираат.
Опозициската СДСМ остро ги критикува изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека „платите растат по 11, 12 и 13 проценти месечно“, оценувајќи ги како навреда и потценување на македонските граѓани.

Каде растат платите месечно по 11, 12 или 13 проценти? Според ваквите тврдења, за шест месеци би пораснале за 66%, а за десет месеци дури 110%. Реалноста е сосема спротивна. Цените растат, а платите стагнираат, граѓаните тешко врзуваат крај со крај, наведуваат од СДСМ.

Според партијата, статистичките податоци го потврдуваат тоа: вредноста на синдикалната потрошувачка кошница од март до јули се зголемила за 3.473 денари, додека просечната нето-плата во истиот период пораснала само за 1.033 денари.

Македонија останува четврта најсиромашна држава во Европа, а Мицкоски не поддржува зголемување на минималната плата на 500 евра. Во пракса, работниците добиваат мали примања, додека власта ужива во луксуз, велат опозиционерите.

СДСМ додава дека „тврдењата на Мицкоски за економски бум се само изговор за одржување на ниските плати и привилегиите на власта“.

Според официјалните податоци, синдикалната потрошувачка кошница за само четири месеци (март–јули) е зголемена за над 3.400 денари, достигнувајќи повеќе од 65.300 денари. Тоа значи дека за една четиричлена фамилија се потребни најмалку 1.060 евра за основен живот. Во истиот период, просечната нето-плата е зголемена за само 1.000 денари – бројка која е далеку од реалните потреби на граѓаните.
Додека граѓаните бројат денари за да обезбедат основна егзистенција, власта продолжува да живее во луксуз: скапи службени возила, патувања со приватни авиони и трпези со егзотично овошје. Овој длабок контраст создава чувство на двоен реалитет – народот во сиромаштија, политичката елита во комфор.

Ниските плати и недостатокот на перспектива произведуваат нов бран на иселување. Секој месец стотици млади заминуваат кон Германија, Италија, Швајцарија или Австрија, каде минималната плата е повисока од просечната македонска плата. Тоа не е само статистика – тоа е жива потврда дека системот не нуди надеж.

Иако властите зборуваат за економски бум и високи стапки на раст на платите, реалноста што ја чувствуваат граѓаните е сосема поинаква. Во маркетите и продавниците, на сметките за струја и нафтените пумпи, вистината е видлива: цените растат, платите мируваат.

Македонија денес е земја каде работникот работи многу, а заработува малку. За народот – преживување, за власта – луксуз. Тоа е суровата вистина која не може да се скрие зад никаква пропаганда.

Текстот е сопственост Фронтлајн

ВМРО ДПМНЕ Дестан Јонузи Иселување минимална плата СДСМ синдикална кошница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.