Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

0
By Marija Todorovska on August 18, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 18, 2025 13:34

Европскиот фронт се ребрендира и на локалните избори закажани за 19 октомври ќе настапи под логото Национална алијанса за интеграција (НАИ). За ова информира со објава преку Фејсбук  лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да бидат заедно еден за друг, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека во нашата земја можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца, нагласува тој во објавата.

Ахмети порачува дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство.

Како што се обединуваме, да не ги заборавиме лекциите од горчливото минато и секогаш имајте на ум дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство. Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружените раце се нашата порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме, порача Ахмети.

Европскиот фронт предизборно го напуштија Демократската партија на Турците, која на изборите ќе настапи самостојно, како и ДПА на Мендух Тачи, која нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.

Али Ахмети ДУИ Европски фронт локални избори Национална алијанса за интеграција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.