Министрите за одбрана на НАТО денеска треба да одржат виртуелен состанок за идните безбедносни гаранции за Кијив.
Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, изјави дека 32-цата министри за одбрана на алијансата ќе одржат видеоконференција, бидејќи САД спроведуваат дипломатска иницијатива за прекин на војната во Украина.
Американскиот генерал Алексус Гринкевич, врховен командант на силите на НАТО во Европа, ќе учествува во разговорите, напиша Драгоне на „X“.
Европските сојузници на Киев се стремат да формираат сила што би можела да дејствува како гарант за каков било мировен договор, а коалиција од 30 земји, вклучувајќи ги европските земји, Јапонија и Австралија, ја поддржа иницијативата.
Воените шефови разработуваат како би можела да функционира таква безбедносна сила. Не е јасно каква улога би играле САД. Трамп вчера ја исклучи можноста за испраќање американски војници за да помогнат во одбраната на Украина од Русија. Русија постојано повторуваше дека нема да прифати војници на НАТО во Украина.