Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амар Мециновиќ кандидат на Левица за градоначалник на Скопје

0
By Marija Todorovska on August 22, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 22, 2025 12:46

Партијата Левица денеска соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на град Скопје.

На овие избори ќе ги актуелизираме оние прашања кои никој нема интерес да ги актуелизира. Оваа кандидатура меѓудругото произлегува и од два фактора – првиот што јас, иако сега пратеник во Собранието на Република Македонија имав тригодишен мандат како советник во скопскиот Совет за кој тврдам дека беше најдисфункционалниот Совет во историјата на Град Скопје. Многу работи се блокираа, многу кои беа во интерес на граѓаните не се направија и практично без лажна скромност мислам дека нашата советничка листа заедно со носителката се боревме за прашања кои ќе бидат централни и за оваа наша кампања за град Скопје, рече Мециновиќ.

На прес-конференцијата тој ги нагласи неговите приоритети – јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.

  Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси, истакна Мециновиќ.

Лидерот на партијата Димитар Апасиев, кој го соопшти името на партискиот кандидат за градоначалник на Скопје соопшти дека Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати за градоначалници.

На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со над 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија, рече Апасиев додавајќи дека во 3/4 општини партијата има инфраструктура и локални ограници.

амар мециновиќ градоначалник Левица локални избори Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.