Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика привремено затворање на аеродромот „Пулково“ и одложување на десетици летови, пренесува „Украинска правда“.
Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека во округот Тосно се соборени четири дронови, а дополнителни летала биле уништени над градовите Кириши и Гатчина. Тој апелираше до жителите да ги избегнуваат индустриските зони и јавните места и наложи зголемена готовност на сите надлежни служби.
Слични информации пристигнаа и од гувернаторот на Санкт Петербург, Александар Беглов, кој потврди соборување на беспилотни летала во областите Пушкино и Красносел, нагласувајќи дека инцидентите се случиле далеку од станбени згради.
Властите дополнително предупредија на можни проблеми со мобилниот интернет во регионот поради зголемената активност на беспилотните летала.