НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици

0
By Xhabir Deralla on August 31, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, го отфрли потенцијалното распоредување на Националната гарда во градот од страна на американската федерална влада, откако синоќа потпиша извршна наредба за да се спротивстави на претстојната репресија против имиграцијата.Осврнувајќи се на распоредувањето на силите во Вашингтон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, Џонсон рече: „Не сакаме да видиме тенкови на нашите улици“.

По наредба на Трамп може да има зголемени проверки на дозволите за престој, предупреди градоначалникот.

-Добивме веродостојни извештаи дека имаме денови, а не недели, пред нашиот град да види некаков вид милитаризирана активност од страна на федералната влада. Во моментов не е јасно како точно ќе изгледа тоа, рече Џонсон.

Можеби ќе видиме милитаризирано спроведување на имиграциските закони. Можеби ќе видиме и војници на Националната гарда. Можеби дури и ќе видиме активни воени и вооружени возила на нашите улици. Ние тоа не сме го побарале. Нашите луѓе не го побарале тоа, но сепак, се наоѓаме во ситуација да мора да одговориме на тоа, рече градоначалникот на Чикаго .

Градоначалникот рече дека, во светлината на оваа можност, потпишал извршна наредба со која им наложува на сите градски владини одделенија да ги заштитат жителите од дејствија на федералната влада.

Соодветно на тоа, локалната полиција не треба да „соработува со воениот персонал во полициски патроли или спроведување на цивилна имиграција“, рече Џонсон.

Демократот Џонсон додаде дека „непредвидливата, импулсивна“ природа на администрацијата на Трамп го отежнува предвидувањето дали ќе продолжи со распоредувањето и го повика републиканскиот претседател да „се предомисли“.

Трамп претходно овој месец ја активираше Националната гарда со цел да го ограничи наводно неконтролираниот криминал во Вашингтон, кој, исто, така е управуван од демократски градоначалник. Полициската статистика не дава никакви докази за зголемување на криминалот во главниот град на САД.

Претседателот посочи дека Чикаго би можел да биде следниот град каде што тој верува дека треба да се воспостави ред.

Според него, криминалот во овој град е надвор од контрола. Џонсон вели дека убиствата, грабежите и пукањата значително се намалиле во текот на изминатата година.

 

Мигранти Трамп улици Чикаго
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.