Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

0
By Zoran Ivanov on September 1, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 1, 2025 17:44

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните работи и знаат како да решаваат билатерални прашања. Ваква порака испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос од Бледскиот стратешки форум во Словенија.

На отворена панел сесија –  Кос порача дека члеството не е само тоа што се прави во Брисел и дека процесот не може да биде успешен ако нема лидери кои веруваат дека ЕУ е најдоброто нешто. Ги пофали албанскиот премиер Рама и црногрорскиот премиер Спајиќ за посветеноста кон европкиот пат.

 Нема пократок пат. Зборувавте за ветувањето на г-дин Борел. Тој зборуваше дека двете страни треба да бидат подготвени до 2030та година – земјите кандидатки, но исто така и ние.Но за да можеме да ги примиме новите земји-членки, тие мора да испорачаат. Потребни ни се лидери кои може да ги стават реформите пред секојдневните активности, кои знаат како да решат билатерални прашања, изјави Марта Кос -еврокомесарката за проширување.

Ако се однесуваме на штетен начин некои земји нема да пристапат никогаш, порача хрватскиот премиер Пленковиќ. Изјави дека Македонија е најдобриот пример – дека ставањето на билатерални прашања во процесот не е здрав начин на преговарање.

За време на дискусијата, билатерализацијата се нарече – отровна алатка која го контаминира ЕУ процесот, а Пленковиќ им даде и совет на кандидатките – да внимаваат на тоа што зборуваат големите земји како Франција и Германија.

 Северна Македонија беше понапредна од Хрватска за време на Загребскиот самит во 2000год. Тие го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација на 24 ноемврси 2000год. Бев таму, па се сеќавам на тоа. И поминаа 25 години. Тие се уште не го започнале процесот на пристапувања на вистински начин, а ние сме членка повеќе од 12 години. Ако се однесуваме на штетен начин, некои земји никогаш нема да се приклучат на Европската Унија. А ние не се однесуваме така – официјално, изјави Андреј Пленковиќ премиерот на Хрватска.

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека ЕУ конечно направи чекор и се ослободи од фразите дека го Сака Западен Балкан во унијата но не е спремна да преговара.

 Иако Европа не натера да претрпиме многу, ние сме целосно убедени дека еден ден ќе станеме земја-членка. Значи, конечно, ги отсранија некои од непотребните пречки, кои со години велеа- ве сакаме, но не сме подготвени да разговараме со вас. ВЕ сакаме, но сега тие разговараат. Значи, има напредок, како што вели Марта, јас велам дека е базирано на бра – таа вели дека е базирано на заслуги. Па затоа треба да го заслужиме тој брак, изјави Еди Рама премиерот на Албанија.

Едногласноста не е правото на вето, туку напротив, посебна одговорност за секоја земја-членка да гради компромиси во духот на лојална соработка, Антониот Кошта претседателот на ЕС за време на отворањето на форумот. Изјави дека Унијата не е затворен клуб.

 Европската Унија не е затворен клуб. Ние сме заедница на вредности и проект за мир и просперитет. И тој проект се уште не е завршен. Патот за пристапување на Западен Балкан, Молдавија и Украин не се само ветувања. Тие се приоритети, изјави Антонио Кошта претседателот на Европскиот Совет.

На дводневниот Бледски стратешки форум присуствува и шефот на дипломатијата Муцунски, кој ќе се обрати на панел-дискусијата „Нема регион за младите – време е за промени“.

Паралелно со Блед, во Копахгаен денеска и утре, шефовите на дипломатии на ЕУ, заедно со кандидатките за членство, ќе зборуваат за проширувањето на Унијата и Копенхашките критериуми.

Текстот е сопственост на 24 вести.мк

ЕУ Кос лидери услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.