Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработен во АХВ земал плата шест години без да доаѓа на работa, поднесена кривична за петмина

0
By Marija Todorovska on September 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 4, 2025 09:41

Кривична пријава е поднесена против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство  за „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност, било констатирано дека првопријавениот – вработен во Подрачната единица – Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства, појаснуваат од МВР.

Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, како што се наведува во соопштението, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси, иако не ги извршувал своите работни задачи.

 Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман. Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аагенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот, иако не бил во списоците за присутност, додаваат од МВР.

Петтопријавениот С.К., вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година, според соопштеното, не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.

Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари, истакнуваат од МВР.

АХВ вработени кривична МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.