Најмалку 200 демонстранти се уапсени на денешниот протест организиран од движењето „Блокираме сè“ поради планираното намалување на буџетот.
Демонстрантите ширум Франција денеска поставија барикади, го попречуваа сообраќајот, палеа контејнери и се судрија со полицијата, која употреби солзавец.
На социјалните мрежи објавени се видео-снимки на кои се гледа како специјалната полиција интервенира против новинар кој известувал од протестот во Париз. Очевидци тврдат дека полицајците ги удираат и ги туркаат претставниците на медиумите иако тие имале јасни обележја дека се новинари.