Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

0
By Zoran Ivanov on September 21, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 21, 2025 18:18

Обединетото Кралство, Канада и Австралија денеска објавија дека формално ја признаваат Палестина како суверена држава.

Британскиот премиер Кир Стармер ја објави одлуката преку видео порака.

Соочени со растечкиот терор на Блискиот Исток, дејствуваме за да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави. Тоа значи безбеден и сигурен Израел покрај одржлива палестинска држава – а во моментов немаме ниту едното ниту другото, наведе Стармер, додаваќи дека моментот за признавање на палестинската државност „е дојден сега“.

Речиси истовремено, палестинската државата ја признаа и Канада и Австралија.

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада  официјално ја признава државата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави.

Во текот на многу децении, посветеноста на Канада кон [решение со две држави] се темелеше на очекувањето дека овој исход на крајот ќе се постигне како дел од договорено решение. Сепак, таа можност „постојано и сериозно еродира[e“ од неколку случувања, вклучувајќи го нападот предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, резолуцијата на израелскиот парламент со која се поддржува анексијата на окупираниот Западен Брег и ограничувањата на израелската влада за хуманитарна помош, се наведува во изјавата на Карни.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондот и Отава во донесувањето на оваа историска одлука.

Австралија ги признава легитимните и долгогодишни аспирации на народот на Палестина за сопствена држава. Денешниот чин на признавање ја одразува долгогодишната посветеност на Австралија на решение со две држави, кое отсекогаш било единствениот пат кон траен мир и безбедност за израелскиот и палестинскиот народ, истакнува Албанезе.

 

 

Австралија Британија Канада Палестина произнаа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.