Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Луксембург, Малта и Монако ја признаа Палестина

0
By Zoran Ivanov on September 23, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 23, 2025 09:32

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации.

Ова е почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави. На идејата, кревка, но сепак можна, дека мирот може да преовлада, изјави премиерот на Луксембург, Лук Фриден, пред Генералното собрание на ОН.

Постојат моменти во историјата кога целта на мирот бара и морална јасност и политичка храброст“, рече тој, додавајќи дека одлуката „не е насочена против Израел или неговиот народ.

Андора и Белгија најавија дека ќе ја признаат палестинската држава откако ќе бидат ослободени сите заложници и Хамас повеќе нема да биде на власт.

„Ефикасното водење дипломатски односи со новата држава Палестина, вклучително и отворањето на белгиска амбасада и склучувањето меѓународни договори, ќе се спроведе откако ќе бидат постигнати целите на Њујоршката декларација“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.

Да потсетиме дека вчера, францускиот претседател Емануел Макрон официјално ја призна државата Палестина во име на Франција. „Франција денес ја признава државата Палестина… за мир меѓу израелскиот и палестинскиот народ“, свечено изјави Макрон.

„Дојде време“, рече францускиот претседател во својот говор во Њујорк на конференцијата за решението со две држави, потврдувајќи дека со тоа е верен на историската посветеност на Франција кон Блискиот Исток.

Претходно, Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија ја признаа Палестина.

 

Луксембург Малта Палестина признаа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.