Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно – се соочуваме со хибридна војна 

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 8, 2025 12:39

Фон дер Лајен се осврна и на плановите на ЕУ за зголемување на трошоците за одбрана, на плановите „Подготвеност 2030“ и „Зачувување на мирот – Патоказ за подготвеност 2030“, како и на иницијативите „Чувар на источното крило“ и „Ѕид од дронови“, кој, како што рече, ќе претставува штит од беспилотни летала не само за земјите долж источните граници на ЕУ, туку и за целата Унија, вклучително и за јужното крило. 

Изборот пред нас е едноставен. Можеме или да се воздржиме и да гледаме како руските закани ескалираат или да им се спротивставиме со единство, одвраќање и решителност. Знам која страна ќе ја избереме, заклучи Фон дер Лајен.

Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор и загрозувањето на критичната инфраструктура на земјите членки на блокот.

– Да не се залажуваме. Ова е дел од загрижувачкиот модел на растечки закани. Низ целата наша Унија се сечат подводните кабли, се парализираат аеродромите и логистичките центри со кибер напади, а изборите се цел на кампањи со злонамерно влијание, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, овие инциденти не претставуваат случајно вознемирување, туку се испланирани во рамки на „кохерентната и ескалирачка кампања“ за вознемирување на европските граѓани, за тестирање на решителноста на Европа, за поделба на Унијата и ослабување на нејзината поддршка за Украина.

– Време е да ја наречеме со вистинско име. Тоа е хибридна војна и мора да ја сфатиме многу сериозно, потенцира Фон де Лајен, додавајќи дека Европа мора да одговори на тоа и да го заштити секој квадратен сантиметар од својата територија.

Претседателката на ЕК обвини дека Русија сака да посее поделба меѓу земјите членки на ЕУ, па затоа, според неа, тие мора да одговорат со единство и акција на солидарност.

– Но, не само што мора да реагираме, туку мора и да одвратиме, бидејќи ако се двоумиме да дејствуваме, сивата зона само ќе се прошири, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека основна мисија на ЕУ е да го зачува мирот, па за таа цел денес е потребно да има капацитети да ја одврати агресијата и да одговори на провокациите и мора да биде способна да реагира во реално време.

Во обраќањето Фон дер Лајен се осврна и на плановите на ЕУ за зголемување на трошоците за одбрана, на плановите „Подготвеност 2030“ и „Зачувување на мирот – Патоказ за подготвеност 2030“, како и на иницијативите „Чувар на источното крило“ и „Ѕид од дронови“, кој, како што рече, ќе претставува штит од беспилотни летала не само за земјите долж источните граници на ЕУ, туку и за целата Унија, вклучително и за јужното крило.

Сепак, според неа, за заштитата на европските граѓани, небо и инфраструктура потребно е зајакнување и на другите клучни безбедносни капацитети, почнувајќи од противвоздушната одбрана, па се до спротивставувањето на кибер и електронските напади, како и ефикасно зголемување на производството во одбраната индустрија.

– Ништо од ова не е можно без силна европска одбранбена индустрија. Треба да можеме да се потпреме на нашата сопствена индустриска база, особено во критични времиња, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека за справување со руската хибридна војна не е доволна само традиционалната одбрана, туку се потребни софтвери за дронови, тимови за брз кибер одговор, како и информативни кампањи за подигнување на свеста во јавноста.

– Ова бара сосема нов начин на размислување. Мора да бидеме подготвени да ја напуштиме нашата зона на комфор и треба да истражиме нови начини на работа. Но, најважно од се, мора да ги одвратиме сите оние што сакаат да им наштетат на нашата територија и на нашите луѓе. Изборот пред нас е едноставен. Можеме или да се воздржиме и да гледаме како руските закани ескалираат или да им се спротивставиме со единство, одвраќање и решителност. Знам која страна ќе ја избереме, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

војна дер лајен Небо случува хибридна чудно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.