Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

0
By Zoran Ivanov on October 13, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 13, 2025 16:51

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржа во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година во Скопје ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.

Биљана Јордановска

Во текот на три дена, меѓународни партнери и гости — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академици од Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави разменија искуства и стратегии за изборниот интегритет, демократските напори ширум светот и покажаа солидарност и поддршка за Украина.

На првиот ден од програмата, на 8 октомври се одржа воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“.

На панелот се отворија прашањата за научените лекциии од руската агресија врз Украина и што следи понатаму, која и каква е иднината на Европа, итноста да се делува и да се одбрани демократијата.

Клучни пораки од учесниците:  

„Мора да разбереме дека војната во Украина не запира на границите на Украина, ова е хибридна војна, а тоа значи дека овие граници се порозни. А оваа војна и сајбер нападите одат многу подалеку од нашите општества. Обидите за манипулација преку социјалните медиуми и преку други средства, она што е во умовите и срцата на сите нас, не само на оние во Украина, е многу систематско, сеприсутно и штетно. Треба да разбереме дека војната започна, војната е тука“,  Роџер Касале, поранешен пратеник, основач и координатор, Вестминистерски сојуз за Украина, Обединето Кралство.

„Време е да ја симнеме Русија од нејзиниот трон, идеолошки да се ослободиме од нејзиното влијание, и да ѝ дадеме шанса на Украина да се одбрани во оваа војна – со поддршка, оружје и сè што ѝ е потребно. Во исто време, мора да гледаме и кон иднината – да ја обновиме Украина, а од другата страна, да учиме од неа, и воено и граѓански“, изјави Волфганг Ресман, претседател на Нов европски форум на народите, претседател на Медија дијалог, Германија.

„Екстремно е важно да се зачува и културното наследство во Украина, но и културните настани на Украинците да се пренесуваат и во странство. Потребни се конференции, манифестации и концерти. Видовме што војната и прави на Украина. Исто така потребни се активности и за зачувување на природата и околината. Нашата поддршка треба да биде за Украина со конкретни проекти во сите овие сфери. Во Австрија и Германија веќе имаме такви проекти. Многу важно е да се бориме и со дезинформациите. Германските институции треба да помогнат и во хибридната војна исто како и со дезинформациите. Да се поддржат медиумите што известуваат за хибридната воја и за дезинформациите“, изјави Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружение на Југоисточна Европа, Германија, поранешена амбасадорка.

„Разбираме каква поддршка треба да ѝ пружиме на Украина. Едно морам да кажам, вонредните времиња бараат вонреден одговор. Светот се менува и има промени во меѓународниот поредок. Мораме да бидеме обединети, мора да ја поддржиме Украина во нејзината борба против руската агресија и да обезбедиме никогаш да нема повторен напад од страна на Русите“, изјави Емануеле Ерихиело, заменик директор на „Centro Studi Internazionali“, Италија

„Оваа нација е обединета и ние всушност можеме да продолжиме да се бориме, а Русија навистина многу прецизно испитува какви се поделбите во украинското општество. Една од нив едноставно недостасува, тоа e поделбите меѓу оние кои морале да избегаат. Толку многу луѓе мислат дека всушност не можат да се реинтегрираат тука, или дека многу од оние кои живеат во странство долго време, дури и пред целосната инвазија, мислат дека земјата не постигнала никаков напредок во борбата против корупцијата, што дефинитивно не е вистина“, изјави Катерина Павлова, експерт за граѓанско образование и демократија, CRISP – Германија/Украина.

„Ако треба да подвлечеме еден збор, тоа е „вистината“. Одбраната на демократијата е одбрана на вистината, а како новинар, една од моите цели, а и на сите претставници на ЕУ, мора да бидат „факти, само факти“. Кој лаже – Русија! Кој е нападнат – Украина!, изјави Оливие Ведрин, политиколог и аналитичар; Асоцијација Жан Моне – Франција

„Ако зборуваме за иднината на Европа во контекст на културата, тоа значи дека треба да создадеме европски јавен простор – заедничко чувство на припадност кон Европа. Треба да размислуваме за безбедни простори, и онлајн и офлајн, простори во кои ќе можеме да разговараме како сакаме да живееме заедно3, изјави Фрисо Вирсум – Менаџер за комуникации – Европска фондација за култура – Холандија

„Украинците се борат за себе, за Европа и светот. Унгарската влада развива непријателски однос кон Украина. Овде мора да подвлечам дека ова е унгарската влада, не народото. Виктор Орбан се обидува да ја блокира европската иднина на Украина, САМО ОД СЕБИЧНИ ПРИЧИНИ Е ЕКОНОМСКИ ШОВИНИЗАМ. Од друга страна неговата антиукраинска реторика е и антиЕУ реторика. Неговиот јазик и ист како и руската пропаганда. Се надевам дека во иднина Орбан ќе остане без власт. За жал илибералните политики се шират во Европа и светот. Ние не треба да го дозволиме тоа. Треба да се бориме секаде. Мора да го следиме примерот на Украина и да се избориме за демократијата“, изјави Иштван Хегедус, претседател на Унгарско европско друштво; политиколог и поранешен пратеник

„Стартувавме со итни мерки за поддршка на Украина, но сега треба да се фокусираме и на реконструкцијата и економската помош на Украина. Кога зборуваме за одбрамбените капацитети на Украина, треба да размислиме како треба поефикасно да ги поддржиме Украинците и долгорочно. Ние разбираме што се случува но во пошироката јавност не им јасно што се случува во Украина, мислат дека Украина ја губи војната, дека треба да прави отстапки. Но ние треба да им ги претставиме работите со факти и веродостојни информации. Со помагање на Украина си помагаме и себеси. Предизвикот на Коалицијата е да продолжиме со поддршка на Украина но исто така и да и покажеме на Русија дека сме способни да се одбраниме“, изјави Мајкл Клејфорт Кар, Стратешки советник за безбедност и меѓународниот бизнис.

„Ако го изгубиме граѓанскиот простор, ќе ја изгубиме и демократијата. Одбраната не е само тенкови и оружје — туку и кревање на нашите гласови. Украина се бори за сопствената слобода, но во исто време и за нашата“, изјави Егле Селешиене од Литванскиот колеџ за демократија.

„Седум, осум години има огромен јаз помеѓу доказите и политиките. Се наоѓаме во геополитичка политичка фаза во која мора да се разбудиме. Инаку, работите ќе бидат хаотични. Од една страна имаме можност, бидејќи тоа е можност да го имаме Трамп од другата страна на океанот, и да можеме да се разбудиме и да одлучиме што можеме да направиме …“, изјави Валтер Кватрокиоки, Full Professor at Sapienza University of Rome, leading the Center of Data Science and Complexity for Society (CDCS)

Модератор на интернационалниот панел беше Џабир Дерала, претседател, ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Прегледот од настанот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

демократија конференција одбрана Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.