Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот архив ја отвори изложбата посветена на 110 години од Македонскиот фронт

0
By Zoran Ivanov on October 23, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 23, 2025 13:36

По повод 110 години од формирањето на Македонскиот фронт, денеска во холот на Дајмонд мол беше отворена изложбата „Македонија, Македонците, Македонскиот фронт низ објектив”, во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија.

Како што изјави раководителката на Одделението за публикување на архивски материјал при Државниот архив, Јасмина Дамјановска, институцијата ја има главната улога во одбележувањето на овој значаен јубилеј.

Државниот архив е единствената институција која има можност да го одбележи јубилејот, бидејќи ја поседува целокупната документација и пишаното наследство поврзано со Македонскиот фронт. Помош добивме и од приватни иматели, меѓу кои се Влатко Милошовски, Кирил Вангелов и Диме Ратајковски, кои несебично ги понудија своите колекции за да може Архивот со својата документација да го проследи она што беше секојдневие на Македонскиот фронт. Во соработката се вклучи и Воениот музеј при Министерството за одбрана, така што направивме една одлична заедничка поставка по повод 110 години од Македонскиот фронт, изјави Дамјановска.

Изложбата, додаде, ја прикажува војната не само преку фронтовската линија, туку и преку секојдневието на населението во периодот на Првата светска војна.

Со изложбата е одбележано она што се случуваше и на фронтот и меѓу населението. Самата војна стана дел од нивниот живот, а сето она што воените сликари го забележале сега имаме можност да го видиме. Овде дојде до израз замрзнувањето на моментот, практично она што фотографијата го прави – го замрзнува моментот. Сакавме да покажеме како токму фотографијата денес ни овозможува да го гледаме Македонскиот фронт и секојдневието од 1914 до 1918 година, рече таа.

 

Дамјановска нагласи дека фотографијата има клучна улога како историска меморија. Со изложбата, вели, опфатени се неколку фотографи и фотографии од војници кои што биле на спротивната страна во војната.

– Имаме неколку фотографи претставени овде, Ристо Шуковиќ, српски фотограф и свештеник кој фотографирал на фронтот, американскиот фотодокументарист Мел Вевој, како и германските фотографи кои што фотографираа на Македонскиот фронт за време на нивното дејствување овде заедно со бугарската војска. Ги имаме француските фотографи и обичните француски војници кои што фотографираа, така што, се спои некако таа тема и насловот на самата изложба за да може замрзнувањето на тој момент, кој како сака да ја види војната, да биде претставено овде. Некои го сакаат тоа меѓу фронтот, тој воен свештеник сликаше директно на фронтот, француските војници сликаа меѓу населението, во градовите, во местата каде што минуваше фронтовата линија, рече Дамјановска.

 

Архив Битола изложба фронт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.