Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.
Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено.
Така да на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски во ставови и психички ќе биде присутен, допрва ќе го гледаме тоа, додаде Жерновски.
Тој посочи дека седум години откако дојде СДСМ на власт напредувавме чекор по чекор во слободата на медиумите и завршивме во 2024 година на 36 место, пред Словенија, која беше 42, а Албанија на 99 место. Само 6 месеци откако дојдоа на власт од 36 паднавме на 42 место.
Падот се должи на желбата на една власт да ги јавне медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски, рече членот на ИО, Андреј Жерновски на Канал 5 Телевизија.




