Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Украинските граници не смеат да се менуваат насила

0
By Zoran Ivanov on November 23, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 23, 2025 15:35

Границите на Украина не смеат да се менуваат со сила, нејзината армија не смее да биде намалена така што ќе остане ранлива на напад, а Европската Унија мора да има централна улога во мировниот договор за Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, објави „Ројтерс“.

Нејзината изјава во неделата доаѓа во момент кога високи претставници на САД, Украина и советници за национална безбедност од Франција, Британија и Германија одржуваат разговори во Женева за американскиот предлог-план за ставање крај на војната во Украина.

Секој веродостоен и одржлив мировен план треба пред сè да го запре убивањето и да ја заврши војната, без да посее семе за некој идeн конфликт. Се договоривме околу главните елементи што се неопходни за праведен и траен мир и за суверенитетот на Украина.

Претседателката на Европската комисија ги издвои трите најважни елементи според неа.

Првин, границите не смеат да се менуваат со употреба на сила. Второ, како суверена држава, не смеат да се наметнуваат ограничувања врз украинските вооружени сили што би ја оставиле земјата ранлива на идни напади и со тоа да ја поткопаат европската безбедност. Трето, централната улога на Европската Унија во обезбедувањето мир за Украина мора целосно да се рефлектира. Украина мора да има слобода и суверено право да го избере својот пат. Тие избраа европски пат, рече Фон дер Лајен.

 

Граници дер лајен Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.