Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ сè уште не добил никакви официјални информации за резултатите од преговорите во Женева.
На прашањето на Би-би-си дали очекува средба меѓу руски и американски претставници оваа недела, Песков одговори: „Сè уште не“, но додаде дека Москва е „отворена за такви контакти и разговори“.
Минатата недела, Путин објави дека нацрт-планот за мир од 28 точки, изготвен од администрацијата на Трамп, може да биде основа за конечен договор.
Предлогот беше широко оценет како исклучително поволен за Русија, а Кремљ сега сака да знае какви промени се направени за време на преговорите во Женева.
Но во Москва преовладуваат сомневања дека новата верзија нема да биде толку поволна. Рускиот портал „Московски комсомолец“ напиша утрово: „Европската и украинската банда ќе го „корегираат“ планот на Трамп, така што тој ќе стане целосно неприфатлив за Русија“.




