Кардиналите на Романско-Католичката црква денеска се молеа за да добијат духовни насоки пред да започне зад затворени врати конклавата за избор на нов папа, во еден од најтешките периоди во историјата на оваа Црква.
Последната средба на кардиналите е утре, на која треба да најдат заеднички јазик за човекот кој според нив би бил најмногу прикладен да ја води Црквата, која е силно погодена од секс-скандалите на злоупотреби, како и обвинувањата за корупција кои се однесуваат на Ватикан.
115 кардинали ќе учествуваат во гласањето од вторник, а со кое ќе се стави крај на неизвесноста која го погодува светот.