Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2026 14:41

Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додава дека и после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара?

Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Затоа што е јасно, без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна. Во медиумите беа објавени информации дека камионите што ја превезувале дрогата биле пломбирани. Ако е ова точно, се отвораат и нови аспекти за тоа кој се вмешан. Секоја стока што преминува преку граница мора да биде тарифирана согласно тарифни броеви. Ако на овој начин била пренесена дрогата, биле ставени други тарифни броеви што води до заклучок дека станува збор за организирана група, директно поврзана со повеќе институции, рече Кузеска.

Според неа, ова е скандал од огромни размери, кој, како што ка, директно го разоткрива длабокиот криминал на владата предводена од ВМРО и премиерот Христијан Мицкоски.

Кузеска рече дека СДСМ бара итна, независна и транспарентна истрага за целосно расчистување на скандалот која ќе ги даде одговорите кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку македонската граница и дали лицето Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа?

 

Власта марихуана молк СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.