Мицкоски отиде во посета на Виена, главниот град на членка на Европската Унија, и ги навреди домаќините, ја направи Европа „силеџијка“ која врши „булинг“ врз Македонија, соопштуваат од СДСМ.
Оваа изјава не е само дипломатска катастрофа, таа е срам за целата држава.
Вели дека тој „сè направил“, а процесот станал „приказна без крај“.
Човекот кој освен конфликти, злупотреба на службена должност и лично богатење не направил ништо на дипломатскиот план, сега ја затвора вратата на ЕУ таму каде што оди.
Процесот за ЕУ трае 21 година. Колку години од тоа време ги украдоа прво Груевски, а сега и Мицкоски?
Колку години Македонија стагнира со оваа криминална група ВМРО?
Наместо да гради европска држава Мицкоски:
Ја запоседна правосудната власт,
Ги ограбува ИПАРД фондовите,
Воведува декрети за забрана на слобода на говор,
Ја уништува слободата на медиумите,
Создава меѓуетнички тензии,
Граѓаните кои се за ЕУ ги нарекува „медиокритети“ и „талог на општеството“.
Сето ова го прави по директива од Москва, за да го запре патот на Македонија кон Европската Унија.
Како може Црна Гора и Албанија да напредуваат, а ние да стоиме на место?
Исто како и во Србија, каде што поради еден диктатор се замрзнуваат европски средства.
Менторот Орбан им падна.
Наскоро ќе паднат и овие двајца.
Мицкоски лично, и сите членови на оваа организирана криминална група, ќе одговараат.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!




