Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта со укинувањето на техничката влада заокружи цел циклус на деструктивни политики

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 30, 2026 11:30

Со укинувањето на техничката влада, која претставуваше контролен механизам на опозицијата за организирање на фер и демократски избори, власта и парламентарното мнозинство заокружија цел циклус на деструктивни политики кон Северна Македонија и нејзините граѓани. Како демагогија го оценуваме обидот на власта укинувањето на техничката влада пред избори да го претстави како реформа.

Посебно имјаќи предвид дека токму ВМРО – ДПМНЕ кога беше опозиција бараше контролниот механизам на техничката влада да остане додека Северна Македонија стане членка на Европската Унија. Како политичко лицемерие го оценуваме однесувањето на ЗНАМ и ВЛЕН, кои од желбата да ги зачуваат своите места во Владата, со својата реторика и со своето политичко делување целосно се ставени во функција на деструктивната политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа деструктивна власт и нејзиното парламентарно мнозинство во овие две години успеаа да заокружат цел циклус на деструктивни политики кои имаат негативно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз остварувањето на стратешките цели на Северна Македонија. Таксативно ќе ги наброиме:

  • Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го сопре патот на Северна Македонија кон ЕУ.
  • Власта со јасна намера ја изложи Северна Македонија на негативно влијание на “српскиот свет“.
  • Власта држејќи ја минималната плата под секое достоинствено ниво, одбра да работи за интересите на олиграхијата, против интересите на работниците.
  • За да ги избегне контролните механизми на ММФ, власта се задолжуваше кај авторитарниот режим во Унгарија на Виктор Орбан, иако знаеше дека Орбан е прокси на Путин во ЕУ.
  • Власта одбива преку нов закон за рестриктивни мерки да ги санкционира корумпираните политичари и луѓе од бизнисот кои се наоѓаат на “Црните листи“ на САД, В.Британија и ЕУ
  • Власта наместо суштински реформи во судскиот систем спроведува целосна партизација.
  • Власта наместо професионализација врши партизација и на јавната администрација.
  • Власта без договор со опозицијата, ја укинува техничката влада за да избегне контролен механизм за организирање на фер и демократски избори.

Власта има јасна намера да од Северна Македонија направи “црна дупка“ во регионот, без демократски вредности, ослободена од контролните механизми на ЕУ и меѓународните фактори, без контролни механизми и во домашниот политички систем, се со цел да владее авторитарно, секако проследено со коруптивни шеми и бизниси, стои во објавата на СДА Македонија.

 

Влада ДПМНЕ пинска сда македонија соопштение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.