Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

0
By Zoran Ivanov on June 24, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2026 16:32

Додека МОН се фали со вештачка интелигенција, учениците учат од стари учебници во училишта без хигиена. Зад фасадата од 70 милиони евра се кријат стаорци во студентските домови, етничка сегрегација и образовна филозофија која смета дека „децата не мора да знаат сè“.

Џабир Дерала

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска презентираше амбициозен отчет за нејзината двегодишна работа, во кој наслика портрет на образовен систем кој излегува од „катаклизма“ и чекори кон европска модернизација. Бројките на хартија звучат импресивно: 70 милиони евра во инфраструктура, 20-процентен раст на платите и зголемена инклузија.

Но ако се анализира прес-конференцијата на министерката Јаневска, може да се заклучи дека јавноста, всушност, слушна една серија фрапантни изјави кои откриваат крајно проблематична визија за иднината на децата, како и значителен јаз меѓу статистиката на МОН и секојдневната реалност во македонските училишта и факултети.

„Децата не мора да знаат сè“ – што е спорно во оваа „образовна филозофија“ на Јаневска

Една од контроверзните изјави на прес-конференцијата, зборувајќи за улогата на наставниците, министерката Јаневска го даде примерот со Пелагонија:

„Ако Пелагонија е еден од столбовите на земјоделието… тогаш децата и не мора да знаат сè. Тука се наставниците да им покажат како во иднина тие можат да го модернизираат земјоделието.“

Оваа изјава е алармантна. Во 21-от век, кога образовните системи се стремат кон создавање критички мислители и поливалентни кадри, првиот човек на образованието ја промовира идејата дека децата од одредени региони „не мора да знаат сè“ и треба да се канализираат кон локалните гранки (како земјоделието), бидејќи „не очекуваме сите родители тоа да го можат“. Тоа е понижувачки. Образованието не смее да биде алатка за ограничување на амбициите на децата само на границите на нивниот роден крај, туку прозорец кон светот.

Математичкиот парадокс: 17.000 ученици помалку, но нула отпуштања

Платите се зголемени за над 20%, постигнат е договор со СОНК за континуиран раст, а при оптимизацијата на училишната мрежа, ниту еден наставник нема да биде отпуштен, рече министерката. Но притоа кажа дека во последните седум години бројот на ученици е намален за 17 илјади.

Признанието за 17.000 „исчезнати“ ученици од системот е трагичен показател за демографскиот колапс и иселувањето.

Меѓутоа, ветувањето дека „никој нема да биде отпуштен“ е чист популизам.

Економски и системски е невозможно да се одржува ист број на вработени во систем кој изгубил десетици илјади корисници, а притоа да се зголемуваат платите и да се тврди дека мрежата се „оптимизира“. Целосно контрадикторно. Единствено што може да се очекува од ова очигледно купување социјален мир ќе бидат полупразни паралелки и гломазен буџет кој се троши на плати, наместо на реална модернизација на наставата.

Инфраструктура: „Деблокади“ на хартија наспроти реални градби

Министерката тврди дека се реализирани над 90 проекти вредни околу 70 милиони евра, вклучувајќи реконструкција на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, како и деблокада на изградбата на објектот на ФИНКИ.

Реконструкцијата на државните студентски домови е проект кој со години се префрла од една на друга влада. Овие зафати примарно се финансираат преку наменски странски кредити (како оние од германската КфВ банка (Kreditanstalt für Wiederaufbau – KfW), а темпото на изведба на терен традиционално доцни зад роковите најавени на прес-конференциите.

Што се однесува до ФИНКИ, терминот „деблокада“ претставува административен исчекор, но студентите сè уште слушаат настава во позајмени простории додека карабината на новиот објект и понатаму пропаѓа.

Инклузија на хартија, во реалноста – системска етничка сегрегација

Инклузијата е приоритет, со ангажирање на 1.500 образовни асистенти во основните и средните училишта за создавање порамноправен пристап до образованието.

Бројката на асистенти е позитивен чекор за децата со попреченост, но МОН целосно го игнорира најголемиот „слон во собата“, а тоа е системската етничка сегрегација. Во десетици основни и средни училишта низ државата, учениците од различна етничка припадност (најчесто Македонци и Албанци) учат под ист покрив, но се физички разделени во различни смени или одвоени влезови или објекти, без никаква меѓусебна интеракција.

Дополнително, повеќе извештаи алармираат за целосна гетоизација на децата Роми. Тие често се сместуваат во чисто етнички паралелки, поради бојкот од другите родители при реонизацијата. Уште пострашно, според тие извештаи, постојат крајно неприфатливи случаи кога децата од ромската заедница неосновано се препраќаат во специјални училишта. Затоа, не може да се говори за инклузија кога е воспоставен систем во кој училиштата функционираат како поделени етнички светови.

Студентски стандард: Стаорци, студени тушеви и неисплатени стипендии

Според министерката за образование, студентскиот стандард се подобрува преку нови законски решенија, проширување на субвенционираниот оброк, нови стипендии и системска предност при вработување за најдобрите студенти.

Зад фасадата на статистиката за „подобрен студентски стандард“ се крие брутална реалност која укажува на системска државна негрижа. Неодамнешните скандали низ студентските домови открија катастрофални, нехумани услови за живот: присуство на стаорци во собите, студенти кои со недели се капат со ладна вода, нефункционални лифтови и масовно доцнење на исплатата на студентските стипендии.

Состојбата во реалноста е алармантна. ЦИВИЛ бараше државата привремено да ги смести студентите во хотели додека не се санираат домовите, бидејќи тие се претворени во симбол на институционална негрижа. Ветувањата за елитистички вработувања на најдобрите студенти не значат ништо кога државата не може да им обезбеди топла вода и основни хигиенски услови за престој.

Правосудниот испит: Образовно право претворено во политичка колатерала

Скопските улици изминативе месеци сведочеа за уште еден горлив проблем кој МОН целосно го игнорира во своите отчети, третирајќи го исклучиво како проблем на Министерството за правда. Соочени со институционална бариера која директно удира врз нивниот образовен труд, Албанците студенти по право од Тетово и Скопје протестираа против кршењето на нивното право да полагаат испит на својот мајчин јазик.

Апсурдот лежи токму во неповрзаноста на системот: државата, преку МОН, им овозможува и акредитира високо образование на албански јазик (кој е официјален според Уставот), но потоа, преку друго министерство, им забранува правосудниот испит да го полагаат на истиот тој мајчин јазик. МОН нема простор да се изземе од овој проблем.

Токму на оваа системска шизофренија неодамна предупреди и проф. д-р Љубомир Фрчкоски во интервју за Нова, потенцирајќи дека „образовното право на Албанците не смее да стане политичка колатерала“.

Наместо дијалог и меѓуинституционално решавање на овој правен, но и образовен апсурд, Владата возврати со бирократски изговори дека испитот е „професионална проценка“. Овој игнорантски однос кон идните правници директно го демантира владиниот наратив за задржување на младите таленти во државата. Истовремено, ситуацијата се комплицира со видливите обиди за политичка инструментализација. Додека студентите бараат основни образовни и јазични права, одредени политички актери се обидуваат да го киднапираат нивниот револт за ситни партиски поени, претворајќи ги студентите во обична монета за поткусурување. А министерката Јаневска нема став по тоа прашање.

Дигитализација: Вештачка интелигенција во училишта без основна хигиена

Министерката се пофали дека се опремени дури 160 училишта со ИТ опрема и дека над 1.000 наставници се обучени за примена на вештачка интелигенција.

Во држава каде што, според меѓународните ПИСА тестирања, учениците континуирано бележат поразителни резултати во основна јазична и математичка писменост, фокусот на вештачка интелигенција делува како скок преку неколку суштински образовни скалила.

Реалноста на терен е дека, додека министерката зборува за вештачка интелигенција, самите ученици се сè уште многу далеку од тоа да бидат соодветно снабдени со ИТ опрема. Дополнително, тие се принудени да учат од стари, неревидирани и неажурирани учебници кои не одговараат на современите образовни потреби.

Овие владини „стратешки обуки“ се случуваат во систем каде што во руралните, а и во училиштата во урбаните средини, сè уште има сериозни проблеми со затоплувањето, а многу од нив се соочуваат и со сериозни санитарни проблеми. Едноставно, не може да се гради дигитална иднина во објекти кои немаат основна хигиена и каде што се предава од учебници кои одамна се за во архива.

Пи-ар и бројки без суштина

Двегодишниот отчет на министерката покажува само дека е вложен труд да се употребат бројки без суштина.

Јавноста веројатно треба да биде одушевена и од ветувањето дека сите учебници ќе стигнат на 1 септември.

Реалноста е сосема поинаква од тоа што сака да ни го „спакува“ власта. Министерката Јаневска е на врвот на систем кој ги занемарува основните стандарди, се „вози“ по инерција и не се осовременува вистински, ги сегрегира учениците по етничка линија, не ги почитува законските права на студентите, а ги насочува својата иднина да не ја бараат надвор од границите на земјата – како некој да ќе ги послуша.

Ова е раскантан образовен систем кој промовира идеја дека „децата не мора да знаат сè“.

Со вакви ставови, образованието во Северна Македонија не само што не излегува од катаклизма, туку тоне. Најмалку што може да се каже е дека тоне во просечност, но и тоа е премногу позитивна оценка.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

 

образование Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.