Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2026 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 30, 2026 11:18

ЦИВИЛ и организациската единица Зелен ЦИВИЛ упатуваат итен апел до сите државни институции, политички партии и локални власти веднаш да престанат со политичките препукувања и меѓусебните обвинувања во врска со актуелната криза со водата за пиење. Бараме вистинска, сеопфатна акција на национално ниво за заштита на јавното здравје и основните човекови права на граѓаните.

Кризата на која сведочиме – каде што водата од чешмите во повеќе општини стана потенцијален извор на зараза – не е само инфраструктурен колапс; таа е директно кршење на фундаменталното човеково право на чиста и безбедна вода за пиење. Водата е елементарна егзистенцијална потреба, а моменталната реалност покажува дека ова право е сериозно загрозено од системската негрижа, политиката, неукоста и јавашлакот.

Алармантната ситуација во Гостивар, каде што епидемијата погоди илјадници луѓе, е сериозно предупредување. Сепак, хиперфокусот на оваа општина – речиси исклучиво низ политичка, па дури и етничка призма – ја замаглува многу пошироката криза на ниво на целата земја. Граѓаните во Крушево, Валандово, Пласница, Преглово и други места се соочуваат со слични ризици, додека Специјализираната болница за белодробни заболувања во Лешок е без безбедна вода за пиење цела деценија. Ова е недозволиво. ЦИВИЛ и Зелен ЦИВИЛ изразуваат длабока загриженост поради свесното избегнување ова прашање да се третира како криза што се однесува на сите во земјата.

Политичките актери се натпреваруваат во барање „одговорност“ за дневнополитички поени, додека граѓаните се оставени да чекаат во редици пред цистерни или да стравуваат од водата што тече од нивните славини. Бараме итен крај на оваа политичка какофонија. Безбедноста на водата за пиење е врвен национален и безбедносен приоритет, а не политичка игра. ЦИВИЛ и Зелен ЦИВИЛ бараат:

  1. Итни испитувања на водата на национално ниво: Државата мора веднаш да иницира детални испитувања на целиот водоводен систем ширум земјата за да се мапираат ризиците и да се гарантира безбедноста на водата.
  2. Конкретни мерки за заштита: Властите мора веднаш да спроведат суштински мерки за заштита на изворите и мрежата, префрлајќи го фокусот од ад-хок реакции на системски, долгорочни решенија.
  3. Деполитизација на кризата: Сите политички актери мора да престанат да ја користат оваа криза за партиски цели и наместо тоа, да се обединат во заштитата на здравјето и безбедноста на сите граѓани.
  4. Искористување на фондовите на ЕУ: Државата мора проактивно да бара и да ги искористи достапните фондови од Европската Унија за сериозни инфраструктурни проекти со кои трајно ќе се решат слабостите во водоснабдувањето. Здравјето и безбедноста на граѓаните не смеат да бидат оставени на милост и немилост на политичката неодговорност. Повикуваме на итна, конкретна и транспарентна акција. Пристапот до чиста вода е човеково право и државата мора да го гарантира без компромис. ЦИВИЛ и Зелен ЦИВИЛ
вода политизацоја соопштение Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.