Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генерал Залужни: НАТО мора да се реформира зашто Русија има противмерки скоро за секое оружје

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 8, 2026 09:39

Поранешниот врховен командант на Украина, Валериј Залужни, а сег украински амбасадор во Велика Британија, изјави дека НАТО мора фундаментално да го преиспита начинот на кој ги води војните, тврдејќи дека Русија веќе пронашла начини да се спротивстави на речиси секое големо западно НАТО оружје што го користи Украина.

Во разговор со новинарите во Киев во среда, украински генерал кој ужива највисок углед меѓу Украинците, се обиде да разјасни контроверзни изјави дадени претходно оваа недела, сугерирајќи дека Украина „никогаш“ нема да се приклучи на НАТО.

Залужни инсистираше дека останува силен поддржувач на НАТО, потсетувајќи дека се залагал за транзиција на вооружените сили на Украина кон стандардите на НАТО уште во 2019 година, и покрај жестоките критики.

Сепак, тој рече дека целосната руска инвазија ги разоткрила недостатоците на Алијансата.

Научниот и технолошкиот напредок се движи напред. Во 2026 година, Украина користела речиси сите видови НАТО оружје, освен ракетите Томахавк, нуклеарното оружје, носачите на авиони и авионите Ф-35 што се во служба на НАТО, рече Залужни.

Според неговата проценка, „Русија пронашла контрамерки за сè“.

Тој, исто така, истакна дека војната ја трансформирала украинската армија така што таа ја надминува сегашната доктрина на Алијансата, принудувајќи го НАТО да се модернизира.

Вооружените сили на Украина достигнаа сосема ново ниво. НАТО нема друг избор освен да се движи кон сосема нови стандарди, рече тој. Само тогаш НАТО ќе биде подготвено за пристапување на Украина, тврди украинскиот генерал, кој беше разрешен од таа позиција по жестоките конфликти со украинскиот претседател Зеленски.

Залужни, исто така, го повтори повикот за создавање „целосно нов безбедносен блок“, веројатно со седиште во Европа, за да се исполнат барањата на модерното војување.

Неговите забелешки следеа по бранот критики предизвикани од коментарите на 3. август, кога тој рече дека Украина „никогаш нема да се приклучи“ на НАТО затоа што воените стандарди на алијансата се засноваат на доктрини што датираат од Втората светска војна.

 

залужни НАТО оружје Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.