НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е против фер изборно рекламирање?

0
By Сашка Цветковска on March 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Што содржат предлозите на професорката Гордана Силјановска – Давкова, член на Комисијата за изборно законодавство како претставник на ОБСЕ/ОДИХР, кои предвидуваат фер изборно рекламирање и зошто тие решенија не можат да влезат во изборното законодавство?

Повикувајќи се на праксата на некои од европските демократии, Силјановска за НОВА ги претставува предлозите кои би спречиле злоупотреби од моќните партии и би помогнале во организирањето на фер избори и фер претставување на кандидатите. Прочитајте го разговорот со професорката Силјановска – Давкова.

Каква е праксата на дел од европските земји во делот на она што значи фер изборно претставување во кампања? Го споменавте примерот со Британците и начинот на кој таму се одвива политичкото рекламирање за чие решение сметате дека би било идеално во Македонија. Што предвидуваат тие решенија?

-Британците се одлучиле за едно решение во кое нема платено политичко време. Заради еднаквоста на сите натпреварувачи во изборниот натпревар, однапред се определува време кое е доволно, неплатено, за секоја од партиите да го изложи она што смета дека е најважно, без оглед  дали е во перцепциите мала или голема по бројот на членовите.

Слична пракса постои и во однос на рекламирањето на партиите на билборди. Како изгледаат тие решенија?

-Деновиве сме изложени на некои слики мамутски низ градот кои мене ме асоцираат на Северна Кореја и тоа дури и во рекламократијата се нарекува ефект или синдром на Ким Ил Сунг. Мислам дека е крајно време во изборниот законик да се одредат димензиите на изборниот материјал, па ние граѓаните да си отидеме пристојно на една уличка на која во исти димензии ќе бидат сите кандидати за изборите, да си продискутираме, да си донесеме заклучок. Мислам дека е непристојно во една од најсиромашните земји толку пари да се фрлаат на рекламен материјал, кој потоа останува до следните избори.

Како претставник наОБСЕ/ОДИХР во комисијата за изборно законодавство овие решенија сте ги предложиле во рамки на комисијата? Колку пати е дискутирано на оваа тема и постоеле ли било какви можности вашите предлози да поминат?

-Многупати сум го предложила ова, еве и годинава го предложив како член на Комисијата за изборното законодавство како претставник на ОБСЕ/ОДИХР. И во претходните комисии и сега сум велела зошто да не бидеме како Германија, Чешка и други. И ова влегувало дури и во предлозите, но потоа во решенија не влегувало , некаде на патот до владиниот форум исчезнувало.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.