НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даночните власти во светот започнаа истрага за „Панама документите“

0
By Нова ТВ on April 4, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Даночните власти во Австралија и Нов Зеланд започнаа истрага на локалните клиенти на правната фирма со седиште во Панама што е во центарот на финансиската афера  со која во јавноста излегоа податоци за евентуално даночно затајување.

Податоците се состојат од повеќе од 11,5 милиони документи од досиејата на адвокатска фирма Мосак Фонсека, со седиште во даночниот рај Панама кои откриваат детали за стотици илјади клиенти во повеќе земји.

Документите се во центарот на истражувањето објавено вчера од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, германскиот весник Зидојче цајтунг и повеќе од 100 други новинарски организации од целиот свет. Зидојче цајтунг објави дека добил огромен број документи, а потоа ги споделил со други медиуми.

Објавените „Панама-документи“ опфаќаат период од речиси 40 години, од 1977 година па сè до минатиот декември, и наводно покажуваат дека некои друштва со седиште во даночните оази биле користени за перење пари, трговија со оружје и дрога, како и даночно затајување.

Британскиот весник Гардијан рече дека документите покажуваат дека мрежа од тајни офшор-договори и заеми во вредност од 2 милијарди долари води до блиските пријатели на рускиот претседател Владимир Путин.

Со истрагата на даночната служба на Австралија се опфатени повеќе од 800 од списокот на богатите клиенти на Мосак Фонсека.

 

афера документи офшор Панама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.