Партијата Левица го поздравува бојкотот на изборите на 5.јуни кој вчера го најави СДСМ и изразува надеж дека Социјалдемократите ќе останат доследни на овој став.
Левица истовремено ги повикува сите “антирежимски партии“ да ги бојкотираат еднострано закажаните избори.
– Последните случувања околу изборите се само потврда на нашиот одамна изнесен став дека до фер избори не може да дојде преку никакви договори со корумпираниот и криминален режим. До фер избори може да дојде единствено преку експертска влада, која би имала мандат од барем една година за да се обезбедат минимум услови за регуларни избори, се врли во соопштението на Левица.
Партијата смета и дека до ваква влада не може да се дојде преку патронат од меѓународната заедница, која е обременета од многу поголеми проблеми, заради што нема енергија и волја да се вклучи поинтензивно во решавањето на македонската политичка криза туку единствено преку притисок од македонските граѓани.
– Македонија е на крстопат! Автократскиот режим реши да го спречи процесот на враќање на демократијата, но нема да му успее! Никој не е посилен од народот! Ги охрабруваме граѓан(к)ите да не го губат моралот во ова најново премрежје, зашто, колку и да биде тешка борбата, ние ќе победиме, порачува партијата.
Партијата повикува на протести на улиците во знак на изборите закажани од една партија.