Аферата “Панама” во која протекоа милиони податоци за финансиските малверзации на богатите и моќните, всушност започнала пред нешто повеќе од една година и тоа со мејлот од лице кое се уште е непознато.
– Здраво јас сум Џон Доу. Дали сте заинтересирани за некои податоци?, напишало анонимното лице во шифрираната порака која стигнала на адресата на Зидојче Цајтунг. На тоа новинарот Бастијан Обермајер, веднаш одговорил со: “Да, и тоа како”.
Тоа што следело било речиси незамисливо. Во текот на наредните неколку месеци анонимниот “свиркач” им пратил огромен број мејлови, документи, фотографии и податоци за клиенти, украдени од северот на адвокатската канцеларија на Мосак Фонсека, која со децении била цел на истрага поради сомнежи за поврзаност со перење на пари.
Џон Доу на новинарите им пратил вкупно 11,5 милиони документи и 2,6 терабајти податоци.
Германските новинари велат дека проверувањето на веродостојноста на документите се претворило во вистинска опсесија и наскоро сфатиле дека сето тоа не го можат сами. Поради тоа се обратиле на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи во Вашингтон.
Тие собрале екипа од 370 новинари од повеќе од 100 редакции во 70 земји.