Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО го потврди тефтерот на Грујевски, обвинителите биле следени

1
By Нова ТВ on April 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 8, 2016 16:25

Обвинителката Ленче Ристовска за НОВА ги  потврди информациите дека во домот на началникот на Петтата управа Горан Грујевски, кој е прво осомничен за уништување на опрема за прислушување, бил пронајден тефтер.

Ристовска не сакаше да ја коментира содржината на тефтерот, но посочи дека имаат одредени информации дека вработените во СЈО биле следени.

Како што претходно објави неделникот „Фокус“, во домот на началникот бил пронајден нотес со податоци од кои може да се заклучи дека агенти на УБК или приватно ангажирани професионалци ги следеле специјалните обвинители.

„Покрај името и презимето на обвинителите, во тефтерот стоеле податоци за местото на живеење, за релациите и контактите со други лица, соработниците, како и податоци за тоа на кои предмети се ангажирани обвинителите и како им напредува истрагата. Во белешките од нотесот се посочувале и сведоците со кои обвинителите имале контакти и информациите кој од испрашаните сведоци се согласил да изнесе сознанија, факти или докази. Сето ова отвора сомневања дека на овој начин владејачката партија преку своите истурени луѓе во МВР и во УБК, лесно можела да влијае врз сведоците на специјалното обвинителствo“, пишува неделникот „Фокус“.

СЈО го товари началникот дека  заедно со уште четворица осомничени незаконски испланирал, спровел и ги сокрил трагите од уништување на два система за прислушкување со што државата е оштетена за 10 милиони евра.

Освен, Грујевски, во „Тврдина“ осомничени се уште двајца началници од УБК, екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска и уште едно лице вработено во МВР како документарка.

Горан Грујевски Ленче Ристовска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.