Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК бара извинување од Заев затоа што повикал на заеднички фронт

0
By Нова ТВ on April 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 9, 2016 11:07

Според СОНК, членовите на Синдикатот сакаат кризата во Македонија да заврши што побрзо а да се пролонгира.

– Ја известуваме целокупната македонска јавност дека сме зачудени од изјавата на Претседателот на СДСМ во врска со неговото повикување на синдикатите во некаков народен фронт, кој ќе го формирал. Изјавата на Зоран Заев е невиден преседан во политичкото делување, не само во нашата држава, туку и пошироко во демократска Европа. Преседан, кој не се случил уште од времето на болшевизмот, се вели во соопштението до медиумите испратено од СОНК.

Оттаму до синдикатите порачуваат дека имаат своја област на делување, која не е партиска политика.

– Во изјавата на Претседателот на СДСМ, се направени тешки повреди на неколку закони. Со неговиот повик до наставниците и професорите да се вклучат во најавениот народен фронт, директно се крши со закон забранетото политичко делување на вработените во образованието во сите степени, се дополнува во соопштението.

Синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија, бараат Заев да се извини бидејќи според нив, упаднал во основите на демократското општество.

– Ваквиот преседан на Зоран Заев може да предизвика огромни социјални и економски последици и затоа лидерот на СДСМ мора да престане со секакво мешање во работата и делувањето на синдикатите во Република Македонија. За ваквото незаконско делување на лидерот на СДСМ ќе ги известиме сите синдикални организации на европско и светско ниво, во кои се членки синдикатите од Република Македонија, дополнува СОНК.

Тие сметаат дека Заев е еден од најодговорните учесници и иницијатори на кризната состојба во која се наоѓа државата и го повикуваат да учествува на изборите закажани за 5.јуни.

Заев избори СОНК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.