Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели поддршката на платформата за демократска Македонија расте.
Заев дополнува дека освен од политички партии, позитивни информации има и од граѓанските организации, од многу интелектуалци и фронтот ќе растел во периодот како што надоаѓа.
– Посебно мотивирана од сите овие глупости коишто се случуваат во државата, за жал и од човек којшто ја извршува функцијата Претседател на државата. Мене ми е драго што се приклучуваат партии со коишто во минатото не сме имале некои директни соработки, освен принципиелни, во функција на интересите на државата, изјави Заев.
Во фронтот против Никола Груевски денеска се приклучи и Алијансата за позитивна Македонија.
– Целта на платформата, да повториме уште еднаш е регуларни фер и демократски избори, владеење на правото, слободни медиуми, враќање на правната држава, департизација и деполитизција на институциите, зацврстување на начелата на еднаквост и рамноправност во нашето општество и враќање на власта во рацете на граѓаните на Република Македонија, потенцираше лидерот на СДСМ.