Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хронологија на протестите: Преговори или не, остануваме на улица

0
By Влатко Чаловски on April 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2016 22:25

Денешните протести против аболицијата на политичарите донесена од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, седми по ред, поминаа во мирна атмосфера без тензии помеѓу демонстрантите и полицијата.

Како и вообичаено, протестите започнаа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство каде повторно и се даде поддршка на институцијата која е создадена со Договорот од Пржино а која има за цел да ги расчисти индициите за криминал кои произлегоа од нелегално прислушуваните материјали.

Оттаму демонстрантите се упатија кон Собранието на Република Македонија каде овој пат, за разлика од претходните протести не беше блокирано од припадниците на безбедносните сили. Полицајците беа поставени со метални барикади само во дворот на Законодавниот дом.

Од овде на разглас зборуваа дел од учесниците на протестот кој порачаа дека откако ќе се промени ситуацијата „и ќе се смени режимот“, фасадите од градбите од Скопје 2014 проектот на екс-премиерот Никола Груевски ќе бидат изгребани, а останатиот материјал однесен во затворот во Идризово, каде што овие демонстранти, како што велат, бараат да завршат криминалците од власта.

На боите на Триумфалната капија беа додадени уште неколку бои а на нив демонстрантите испишаа „Ова кошта 208 Тамари“, мислејќи на починатата Тамара од Велес чии живот заврши во лавиринтите на здравствените институции во државава.

Оттука демонстрантите се упатија кон Градскиот плоштад а потоа се упатија во неколку разни насоки по кои следната дестинација за искажување на револтот беше Министерството за култура. Пред оваа институција, за разлика од другите, немаше полициско обезбедување се до моментот кога демонстрантите почнаа да „го фарбаат“ со боја седиштето на Министерството со кое раководи Елизабета Канческа-Милеска.

Протестот како и вообичаено продолжи пред Владата на Република Македонија. „Готово е Никола“, „No pasaran“, „Оставка“ беа постојани извици на револтираните, а македонското и албанското знаме сплотени во една порачаа дека немаат намера да отстапат од своите барања.

Нивните барања се оставка од Ѓорѓе Иванов, оставка од целата Влада, преместување на изборите закажани за 5.јуни и формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО.

No Pasaran боја Иванов оставка протести Триумфална
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.