НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка за #Протестирам и во Лондон

0
By Нова ТВ on April 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во знак на солидарност со #Протестирам, Македонската заедница и пријатели на Македонија во Велика Британија на 23.април, сабота организираат протест во Хајд Парк во 16 часот.

Воедно тие се приклучуваат на барањата на граѓаните кои речиси 10 дена секојдневно протестираат низ улиците во Скопје.

„Ние, Македонската заедница и пријатели на Македонија во Велика Британија, организираме протест во знак на солидарност со граѓанските протести во Македонија за слобода, правда и еднаквост.

Најпрво, изразуваме загриженост за политичките случувања во Македонија. Второ, длабоко ја осудуваме одлуката на Претседателот за амнестија на политичарите кои се обвинети за измама, корупција и други сериозно криминални активности кои го повредуваат владеењето на правото во земјата. Трето, целосно ги поддржуваме демонстрантите и бараме:

  1. Итно повлекување на одлуката да се аболицира кој и да е кој е под истражна постапка или кривично гонење од страна на Специјалното јавно обвинителство.
  2. Неотповиклива оставка од Ѓорѓе Иванов од позицијата Претседател на Република Македонија.
  3. Итно произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
  4. Формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите покренати од СЈО.
  5. Итно повлекување на одлуката за организирање на парламентарни избори на 5.јуни.
  6. Итно вклучување на претставници на независното граѓанско општество во процесот за решавање на кризата.
  7. Формирање на преодна Влада која целосно ќе ги имплементра Итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе.

Ги покануваме и релевантните меѓународни институции, особено Канцеларијата за надворешни на Велика Британија, Европската комисија, Американскиот Стејт Департмент, НАТО…за итно и одговорно вклучување во решавањето на политичката криза.

За мир, правда и демократски промени во Македонија“, се вели во повикот на организаторите.

аболиција избори поддршка протести протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.