Нетранспарентна теренска проверка на Избирачкиот список, повреда на Законот за Влада и Изборниот законик, како и дописи од МВР и Министерството за информатичко општество и администрација до ДИК без согласност од министерот или од дополнителниот заменик министер, се само дел до проблемите кои граѓанската асоцијација Мост ги објави денеска како резултат од досегашното набљудување на предизборниот процес.
Според првиот човек на Мост Дарко Алексов ДИК од вкупните сомнителни 310.000 записи одлучила 87.000 да се проверат теренски, а останатите административно. Според него извештаите од ова не се објавени, а јавноста е информирана само врз основа на поединечни изјави од членови на ДИК.
Алексов посочи дека Собранието со распуштањето ја пропуштило можноста за отстранување на спорните гласачи и дека досегашните активности на ДИК не влеваат доверба во прочистувањето на Избирачкиот список.
Во однос на дел од записите на МВР кои беа доставени до ДИК без потпис на министерот и од МИОА без потпис на дополнителниот заменик министер, од МОСТ велат дека овие дописи не произведуваат правно дејство и за нив може да се поднесе тужба.
Оттаму го повикаа МВР да поднесе извештај за сите досега спроведени проверки, а ДИК да објави колку се средства се потрошени за проверката на Избирачкиот список.