Во Атина и во Солун илјадници Грци денеска излегоа на улиците да протестираат против планираните владини реформи на даночниот и пензискиот систем за кои се гласа во Парламентот.
Според полициските процени, околу 15.000 луѓе излегле вкупно во двата града на марш против мерките што ЕУ и ММФ бараат Грција да ги усвои пред клучниот состанок на доверителите на еврозоната во Брисел в понеделник.
Сообраќајот е речиси целосно затворен во центарот на Атина.
За вечерва е организиран и протестен концерт против реформите на плоштадот Синтагма.